Битка кај Сер (1196)
| Битка кај Сер | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Римско-бугарските војни | |||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Второ Бугарско Царство | Римска Империја | ||||||
| Команданти и водачи | |||||||
| Јован Асен I | Севастократор Исак | ||||||
Битка кај Сер (бугарски: Битка при Сяр, грчки: Μάχη των Σερρών) — битка која се одвивала во 1196 година во близина на градот Сер, денес во егејскиот дел на Македонија, помеѓу војските на Второто Бугарско Царство и Римската Империја. Исходот од битката била бугарска победа.
Позадина
[уреди | уреди извор]По почетокот на противримското востание во 1185 година, а особено по победата кај Травна, Бугарите цврсто ја презеле иницијативата во војната. Како резултат на нивните напори, Бугарите почнале да ги освојуваат регионите на Тракија и Македонија кој биле поседувани од Римјаните; бугарската војска ги користела своите упоришта северно од Стара Планина и реката Дунав како бази за војната.
Помеѓу 1190 и 1195 година биле освоени многу градови на југ и југозапад. За време на неговите подготовки за трет поход против Бугарија, римскиот цар Исак II Ангел бил симнат од престолот од страна на неговиот брат Алексиј III Ангел, кој му понудил мир на бугарскиот цар. Јован Асен I побарал враќање на сите бугарски земји, за што знаел дека било невозможно да биде прифатено од страна на Римјаните, па затоа ја продолжил борбата.[1]
Битка
[уреди | уреди извор]Истата година, бугарската војска напредувала длабоко кон југозапад и стигнала до близина на Сер, освојувајќи многу тврдини на својот пат. Во текот на зимата, Бугарите се повлекле на север, но следната година повторно се појавиле и ја поразиле римската војска под водство на севастократорот Исак во близина на градот. Во текот на битката, римската коњаница била опколена, претрпувајќи големи жртви, а нивниот командант бил заробен.
Последици
[уреди | уреди извор]Наместо триумфално враќање, патот назад кон бугарската престолнина завршил трагично. Малку пред да стигне до Трново, Јован Асен I бил убиен од неговиот братучед Иванко, кој наводно бил поткупен од Римјаните. Сепак, нивните обиди да ги сопрат Бугарите не успеале: Иванко не можел да го заземе престолот и морал да избега во Римската Империја. Бугарите напредувале понатаму за време на владеењето на Калојан (владеел 1197–1207 година).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nicetas Choniates, Historia, ed. J.-L. Van Dieten, 2 vols. (Berlin and New York, 1975); trans. as O City of Byzantium, Annals of Niketas Choniates, by H.J. Magoulias (Detroit; Wayne State University Press, 1984)