Битка кај Сан Матео

Координати: 46°22′44″N 10°34′0″E / 46.37889° СГШ; 10.56667° ИГД / 46.37889; 10.56667
Од Википедија — слободната енциклопедија

46°22′44″N 10°34′0″E / 46.37889° СГШ; 10.56667° ИГД / 46.37889; 10.56667

Битка кај Сан Матео
Дел од Италијански Фронт
(Прва светска војна)

Италијански споменик посветен на жртвите на битката
Датум 13 август – 3 септември1918
Место Пунта Сан Матео
Исход австроунгарска победа
Завојувани страни
 Кралство Италија  Австроунгарија
Команданти и водачи
Кралство Италија Арналдо Берни  Австроунгарија непознато
Жртви и загуби
10 17

Битката кај Сан Матео — битка која се случила кон крајот на летото 1918 година на врвот Сан Матео (3678 м) за време на Првата светска војна. Таа била сметана за највисока битка во историјата додека не била надмината во 1999 година од Каргилска војна|Каргилската која се одвила на висина од 5600 метри.

На почетокот на 1918 година австроунгарските сили формирале утврдена положба со мали артилериски делови на врвот Сан Матео. Основата на врвот лежи на 2800 метри надморска височина. Од оваа позиција, тие биле во можност да го нападнат патот до Гавија и со тоа ги контролираат италијанските снабдувачки конвои на линијата на фронтот.

На 13 август 1918 година, мала група италијански сили извршила изненадувачки напад на врвот и успешно ја презела утврдената положба. Половина од австроунгарските војници биле заробени, а другата половина побегнала на пониските позиции.

Губењето на врвот Сан Матео претставувало губење на лицето на Австроунгарија, а засилувања веднаш биле испратени во регионот, додека Италијанците сè уште ја организирале својата одбрана на врвот.

На 3 септември 1918 година австроунгарските сили започнале со операција со цел повторно да се врати планината. Големото артилериско бомбардирање, проследено со напад од најмалку 150 кајзершицени на крајот бил успешен и изгубената позиција била повторно вратена. Италијанците, кои веќе ја сметале за изгубена планината, започнале противнапади, предизвикувајќи многу жртви меѓу италијанските и австроунгарските војници.

Австроунгарците имале 17 жртви во битката а Италијанците 10. Противнападот бил последната австроунгарска победа во Првата светска војна. Примирјето склучено на 3 ноември 1918 година (во близина на Падова) ставило крај на Алпската војна.

Во летото 2004 година биле пронајдени дел од мртвите тела на австриските војници на надморска височина од 3400 метри, во близина на врвот[1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "WWI bodies are found on glacier" BBC News 23 August 2004
  2. Roberto Bianchin Il ghiacciaio dei soldati-mummia Corpi intatti dopo 86 anni La Republica.it 22 August 2004

Надворешни врски[уреди | уреди извор]