Битка кај Прилеп (1912)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Прилеп
Дел од Прва балканска војна
Датум 3-5 ноември 1912
Место Прилеп, Битолски вилает, Отоманско Царство
Исход Победа на српската војска
Завојувани страни
 Кралство Србија  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Петар Бојовиќ Зеки паша
Кара Саид паша

Прилепската битка била битка меѓу Првата српска армија и турската Вардарска армија. Се одиграла од 3 до 6 ноември 1912. година во текот на Првата балканска војна.

После Кумановската битка (10-11 октомври) турската војска се повлекла преку Вардар кон Битола, додека српската војска напредувала кон југ. Во исто време јужно од Битола напредувала грчката војска. Командантот на турската западна (вардарска) армија Зеки паша го испратил VI корпус (третина од силите) да го запре напредувањето на Грците кај Лерин, а со останатите сили (V и VII корпус) им се спротивставил на Србите кај Прилеп.[1]

Битката завршува со победа на српската војска, а турската била приморана да се повлече кон Битола.

Петтиот корпус на Вардарската армија на 1 ноември ги блокирал планинските приоди северно од Прилеп со задача да се сопре српското напредување. Битка започнала каога Моравската дивизиј се појавила на 3 ноември од правец на Велес. Наредниот ден пристигнала и Дринската дивизија.[2][3]

Првата српска армија повторно се судрила со турските сили на 5 ноември јужно од Прилеп на патот кон Битола. Битка се водела со бајонети и рачни гранати. Еден турски набљудувач го опишал српскиот напад[4] на следниов начин:

Српскиот пешадиски напад биол чист и јасен како изведба на воена вежба. Големи, силни единици го покрија целото боиште. Сите официри биле јасно видливи. Нападаѓаа како на парада. Слика беше мошне ипресивна. Дел од турските официри бил запрепастен од овој распоред на српските сили, додека другите жалеле што немале тешка артилерија во тој момент.


Во редовите на српската војска имало голем број на загинати и ранети. Српската Прва армија настапувала без својот командант, принцот Александар I Карађорђевић, кој се преладил и со армијата командувал телефонски од Скопје.

Турскиот V. корпус кратко ги задржал позициите кај селото Алинци, но на 6 ноември се повлекол кон Битола.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erickson, E. Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912-1913. Greenwood Publishing Group, 2003, ISBN 0275978885, стр. 184 (англиски)
  2. Войната между България и Турция през 1912-1913 г., Том VI, Министерство на войната, София 1935, стр. 198-199, Erickson, E.
  3. Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912-1913. Greenwood Publishing Group, 2003, ISBN 0275978885, стр. 186
  4. The Balkan Wars 1912-1913: Prelude to the First World War By Richard C. Hall
  5. Войната между България и Турция през 1912-1913 г., Том VI, Министерство на войната, София 1935, стр. 201-203