Битка кај Лиса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Лиса
Дел од Третата италијанска војна за независност
Soerensen Seeschlacht bei Lissa 1866 Rammstoss.jpg
Морска битка кај Лисаа
Датум 20 јули 1866
Место Во близина на островот Вис, Јадранско Море
Исход Австриска победа
Завојувани страни
Кралство Италија Flag of the Habsburg Monarchy.svg Австриско Царство
Команданти и водачи
Карло Пелион ди Персано Flag of the Habsburg Monarchy.svg Вилхелм фон Тегетоф
Сила
32 брода 26 брода
Жртви и загуби
660 убиени и ранети
Потонати 2 брода
176 убиени и ранети

Битка кај Лиса (или Битка кај Вис) (хрватски: Bitka kod Visa) — одржана на 20 јули 1866 година во Јадранското Море во близина на далматинскиот остров Вис (италијански: Lissa) и беше значајна победа за силите на Австриското Царство над нумерички супериорна италијанска морнарица. Италијанската морнарица испука околу 1450 истрели за време на битката, но не успеа да потопи ниту еден австриски брод додека изгуби два свои брода.