Битка кај Катасиртаи
| Битка кај Катасиртаи | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Византиско-бугарски војни | |||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Бугарија | Византија | ||||||
| Команданти и водачи | |||||||
| Симеон I | Лав Фока | ||||||
| Сила | |||||||
| непознато | непознато | ||||||
| Жртви и загуби | |||||||
| непознато | големи | ||||||
Битката кај Катасиртаи се одвила во 917 година кај Катасиртаи, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.
Позадина
[уреди | уреди извор]Од почетокот на 917 година и двете земји се подготвувале за одлучувачка војна. Византијците направиле обид за создавање на анти-бугарска коалиција, но обидот им пропаднал благодарение на брзата реакција на бугарскиот цар Симеон. Сепак Византијците организирале огромна армија, но таа била целосно уништена во Битката кај Анхијал.
Битка
[уреди | уреди извор]По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал Битката кај Анхијал, пристигнал во Цариград по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена[1].
Последици
[уреди | уреди извор]Последните византиски сили биле скршени и патот кон византиската престолнина бил отворен, но Србите се побуниле од запад и Бугарите решиле дека е поважно да ги заштитат своите граници. Ова дало време на Византија да се опорави од поразот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lynda Garland (April 1, 2002). Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium AD 527-1204. Routledge. стр. 122.
Литература
[уреди | уреди извор]- Ioannes Scylitzes. Historia. 2, p. 88