Персеј долго се подготвувал за оваа битка, неговата коњаница успеала да ги изненади Римјаните и да им нанесе пораз. На веста за исходот од оваа битка, повеќето дотогаш про-римски настроени грчки градови преминале на страната на Македонците или пак прогласиле неутралност. Персеј после битката на Римјаните им понудил мир, но таа понуда била одбиена од страна на Римјаните.