Битка кај Калиманци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Калиманци
Дел од Втората балканска војна
Датум 5 јули 1913
Место Калиманци, Македонија
Исход Победа на Бугарија
Завојувани страни
Flag of Greece (1828-1978).svg Кралство Грција
Flag of Serbia (1882–1918).svgКралство Србија
Црна Гора
Flag of Bulgaria (1878-1944).svgЦарство Бугарија
Команданти и водачи
Фелдмаршалот Путник
Генерал Петар Бојовиќ
Принц Александар Караѓорѓевиќ
Генрал Живојин Мишиќ

Генерал Вичо Диков
Сила
Моравска дивизија I призив, Моравска дивизија II призив, Тимочка дивизија II призив, Кавалериска дивизија, Црногорска дивизија, 3 и 10 грчки дивизии[1] 4 армија во состав 8 Тунџанска пешадиска дивизија, 7 Рилска дивизија, 2 Тракиска дивизија, Македонско-одрински доброволен корпус, 2 бригада од 4 Преславска дивизија, 1 бригада од 3 Балканска дивизија, 24 Црноморски пешадиски полк, 5 кавалериски полк[2]
Жртви и загуби
2500 убиени, 4850 ранети[3] непознато

Воени операции пред почетокот на битката[уреди | уреди извор]

Во текот на делумно неуспешната за бугарската армија битка кај Брегалница командувањето на истата донело одлука за тактичко повлекување на исток од линијата Крива Паланка - Штип - Гевгелија со длабочина до 50 километри кон Царево Село со цел да биде организирана стратегиска заштита на подобри позиции. Српските и црногорските трупи не се обиделе да преследуват со кое ја изгубиле иницијативата, така што бугарската армија во добар ред дошла до линијата од врвот Ждрапаница во Осоговските Планини на север до селото Будинарци во Малешево на југ, каде на 27 јуни генерал Вичо Диков дал заповед на бугарската 4 армија да биде изградена цврста линија за одбрана. Во меѓувреме српските и црногорските сили се реорганизирале и се кренале во сеопшт напад на 4 јули, поткрепени од 3 и 10 грчки дивизии, кои настапувале од Струмица на север кон Пехчево кон левиот фланг на 4 армија.[1]

Битката кај Калиманци[уреди | уреди извор]

Првите истрели на битката биле дадени уште на 4 јули, кога српските сили достигнале до бугарскиот фронт и почнале артилериски напад во центарот на заштитната позиција во реонот на Калиманското плато. Главните воени операции биле кренати на следниот ден, 5 јули, кога во раното утро во 9:00 часот Црногорската дивизија настапила во центарот кон Калиманци и патот кон денешниот Благоевград. Црногорците биле сопрени од огнот на 2 бригада од 4 Преславска дивизија, по кое се дигнале во противнапад 8 Приморски и 31 Варненки бугарски полкови, кои отфрлиле црногорците далеку назад. Во истото време српски трупи од Тимочката дивизија и Моравската дивизија II призив атакувале 7 Рилска дивизија на југ од Калиманци, али исто биле одбиени. Неуспешни били и нападите на Моравската дивизија I призив на краjот на jужниот фланг. Генерал Диков дал заповед на 8 Тунџанска пешадиска дивизија на десниот бугарски фланг, кој не бил под притисок на противникот, да премине во активно деjство и да настапува во споредба со условите. Во напад преминале и трупите на Македонско-одринскиот доброволен корпус меѓу десниот фланг и центарот во поддршка на 8 дивизија.

На 6 јули деснофланговата 8 Тунџанска пешадиска дивизија настапила и дошла до контакт со противниковите сили во реонот на врвот Повиен, каде веднаш била ангажирана, а врвот бил освоен. Успех добили и македонско-одринските доброволци, кои во вечерта на 5 јули излезле на реката Каменица, а на 6 јули jуначки ги освоиле Безиковските и Дуленските височини, на кои црногорците и србите во своjот бег го изоставиле пешадиското оружjе и артилеријата.

Во наредните денови србите и црногорците организирале неколку нови последователни јуриши за да ги заземат загубените позиции, али претрпиле нови порази. Бугарите ги задржале сите освоени линии на север и во центарот и настапиле на југ, по кое jужниот фланг на српската армија отстапил назад на запад под бугарските атаки. Грчките 3 и 10 дивизии исто биле одбиени и не успеле да доjдат до контакт со српската армија. Со тоа Битката кај Калиманци била решена и стратегиската офанзива на српската и грчката армии кон исток и север била конечно сопрена.[4]

Краj на Втората балканска воjна[уреди | уреди извор]

Независно од тоа што бугарската армија ги победила српските и црногорските сили во Битката кај Калиманци и во Битката кај Кресна ја опкружила скоро целата грчка воjска, таа немала како да ги искористи своите успеси, бидеjки на 28 јуни невмешаната до овоj момент во балканскиот конфликт Романија ја нападнала Бугарија во грб, а на 1 јули во напад против Бугарија се кренала и Отоманското Царство. На 18 јули бугарската влада побарала мир. Краj на воjната бил ставен со познатиот Букурешки договор од 10 август 1913 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Паметни битки и сражения", Николай Янакиев, "Сражението при Калиманската позиция", София, 1993, стр. 124-126.
  2. "Паметни битки и сражения", Николай Янакиев, "Сражението при Калиманската позиция", София, 1993, стр. 124.
  3. Richard C. Hall, The Balkan Wars, 1912-1913: Prelude to the First World War, p. 120.
  4. "Паметни битки и сражения", Николай Янакиев, "Сражението при Калиманската позиция", София, 1993, стр. 126-127.

Поврзано[уреди | уреди извор]