Прејди на содржината

Битка кај Бугарофигон (896)

Координати: 41°26′N 27°06′E / 41.433° СГШ; 27.100° ИГД / 41.433; 27.100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Бугарофигон
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 896
Место Бугарофигон денешна Турција,
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Симеон I Лав Катакалон
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
мали скоро цела армија

Битката кај Бугарофигон се одвила во летото на 896 година кај Бугарофигон, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

За време на владеењето на Борис I, Бугарија поминала низ големи промени - христијанизацијата на земјата и прием на учениците на светите Кирил и Методиј, со што бил означен почетокот на создавањето и консолидација на средновековната бугарска литература и писмо. И покрај големиот број на воени успеси против повеќето соседни земји, Борис I успеал да го зачува бугарскиот територијален интегритет.[1]. Во текот на Преславскиот собор во 893 година, кој бил свикан по неуспешниот обид на најстариот син на Борис, Владимир-Расате да ја врати традиционата бугарска религија на Тенгризам, било одлучено отстранување на византиското духовништво во Бугарија и неговата замена со бугарско црковно свештенство[2][3] кое го ограничило политичкото и културното влијание на империјата во земјата[4]. На соборот исто така било одлучено неговиот трет син Симеон, роден по покрстувањето на земјата, да стане следниот цар на Бугарија[5] .

Овие настани ги намалиле византиските надежи да извршат влијание на новата христијанизирана земја, и царот Лав VI Мудриот (886-912) наскоро имал шанса да се одмазди[5]. Монополот за трговија со Бугарија во Византија го добиле двајца големи трговци. Во спогодбата на Стилијан Зауцес овие трговци го пренеле центарот за трговија со Бугарија од Цариград во Солун и значително ги зголемиле царините[6] со кое бил нарушен договорот од 716 година[7][8]. Со тоа биле погодени бугарските интереси.[9], и откако сите протести останале без резултат.[5], Симеон навлегол во Византија[10], како прва економска војна во Европа[6]. Во првата битка во 894 година византиската армија (составена претежно од царската гарда) била целосно поразена. Византиската дипломатија успеала да обезбеди сојузници - Унгарците кои во 895 година успеале на двапати да ги победат бугарските војници во Северна Бугарија (денешна Украина), па дури и да го опсаднат Симеон I во Дњепар и Дон.

Во третиот конфликт, Унгарците биле запрени и поразени од Борис I, кој ја напуштил манастирската мисија за да му помогне на својот син. Подоцна со заеднички активности Бугарите и Печенезите ја надминале унгарската опасност. Симеон I ги обновил активностите против Византија.

Интервенција на Унгарците

[уреди | уреди извор]

Византијците набрзина собрале голема војска во која беа вклучени императорската гарда која се состоеше од хазарските платеници[6]. Во жестоката битка во темата Македонија (денешна Источна Тракија), веројатно околу Адријанопол[11], Византијците биле поразени и нивните команданти загинале. Поголемиот дел од Хазарите биле заробени и Симеон ги испратил во главниот град за срам пред Римјаните[12].

Бидејќи главните византиски сили биле ангажирани во источниот против Арапите, Лав VI се обидел преку византиската дипломатија ги придобие унгарските сил, испраќајќи пратеници со богати дарови на Унгарците[13], кои во тоа време живееле во степите на североисточниот дел на Бугарија[14]. Кога Симеон одбил да склучи мир и го затворил византискиот пратеник, на крајот на 894 со помош на византиската морнарица унгарските сили започнале преку Дунав да интервенираат, и покрај фактот што Бугарите ја затвориле реката со синџири и јажиња[12]. Симеон I, кој бил на византиско-бугарската граница, се соочил со Никифор Фока. Неговата војска била поразена од Унгарците некаде во Добруџа и самиот Симеон морал да побегне кон тврдината Дрестер (Силистра[15]).

Во меѓувреме, Симеон направил сојуз со Печенезите додека народот апелирал неговиот татко Борис, кој станал монах, да ја преземе командата на армијата. Во решавачката битка Унгарците претрпеле катастрофален пораз. Како резултат на овој пораз, Унгарците морале да се повлечат кон Панонија, каде подоцна го основале Кралство Унгарија[16].

Симеон кога се вратил во Преслав, горд на победата[17], започнал напади на Тракија. Византијците собрале многубројна армија од сите теми[17] (тие дури ги оповикале и војниците кои се бореле против Арапите на азиската граница). Двете армии се сретнале крај Бугарофигон во летото 896. Според еден византиски историчар, византијците биле целосно поразени и сите убиени[17]. Меѓу жртвите бил Теодосиј, вториот по команда на армијата, но дел од византиската армија успеала да побегне од бојното поле[6][18]. Византискиот пораз бил толку сериозни што еден нивни војник во пензија, Лука Столпник станал аскет.[18].

Стекнувајќи превласт, Симеон I ги предводел бугарските војници во Цариград, опожарувајќи ги селата по патот. Според муслиманскиот историчар Ал Табари, Лав VI решил да го одбие мирот и бил принуден да ја собере армијата на арапските воени заробеници и да ги испрати против Бугарите, со ветување на слобода[19]. Бугарите биле запрени надвор од ѕидините на Цариград и Симеон I се согласил да преговара[20].

Последици

[уреди | уреди извор]

Војната завршила со мировен договор кој формално траел до смртта на Лав VI во 912, според кој Византија била должна да плаќа на Бугарија годишен данок[21] во замена за враќање на 120.000 заробени византиски војници и цивили[22]. Според спогодбата, Византијците исто така отстапиле територии околу Црно Море и Странџа[23] а Бугарите исто така ветиле дека нема да ги нападнат византиските територии.[19]

Симеон I бил задоволен со резултатите и се смета дека имал супериорност над Византиското Царство[17]. И покрај успехот, тој сфатил дека има уште многу да се направи. Поради тоа, тој започнал амбициозна програма за изградба на Преслав, кој ќе може да биде соперник на Цариград[24]. Во меѓувреме, Симеон ја наметнал својата власт над Србија[25].

  1. Andreev, pp. 73, 75
  2. Zlatarski, pp. 271–273
  3. Zlatarski, pp. 261–262
  4. Andreev, p. 87
  5. 5,0 5,1 5,2 Andreev, p. 92
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Mladjov, Ian. „Selections on Byzantium. Selections from the Chronicle of Ioannes Skylitzes, translated and adapted from B. Flusin and J.-C. Cheynet (2003)“. Посетено на 21 March 2011.
  7. Runciman, p. 144
  8. Zlatarski, p. 286
  9. Obolensky, p. 105
  10. Andreev, pp. 92–93
  11. Zlatarski, p. 289
  12. 12,0 12,1 Andreev, p. 93
  13. Zlatarski, pp. 293–294
  14. Zlatarski, p. 292
  15. Runciman, p. 146
  16. Obolensky, p. 106
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Andreev, p. 94
  18. 18,0 18,1 Runciman, p. 147
  19. 19,0 19,1 Zlatarski, p. 317
  20. According to Zlatarski, Simeon I retired without fighting the Arabs, because otherwise al-Tabari would have noted the event. See Zlatarski, p. 317
  21. Runciman, p. 148
  22. Treadgold, p. 464
  23. Zlatarski, pp. 318–321
  24. Andreev, pp. 94–95
  25. Fine, p. 141

Литература

[уреди | уреди извор]

41°26′N 27°06′E / 41.433° СГШ; 27.100° ИГД / 41.433; 27.100