Битка кај Бендер (1992)
Битката кај Бендер, позната и како битката кај Тигина или битката кај Бендери (романски: Bătălia de la Tighina; руски: Битва за Бендеры) — се водела помеѓу 19 и 21 јуни 1992 година помеѓу Молдавија, поддржана од волонтери, воени советници и купено оружје од Романија; и Приднестровската Молдавска Република (ПМР, попозната како Транснистрија), непризнаена отцепена држава која прогласила независност од Молдавија и се потпирала на директна воена поддршка од Русија. Битката се случила во Бендер, познат и како Тигина, град со силно етничко руско присуство на западниот брег на реката Днестар. Ова е различно од останатите земјишта под моментална контрола на Транснистрија, кои се наоѓаат на нејзиниот источен брег.
Бендери е руското име на градот, а Тигина е романското, при што Бендер е старо отоманско име.[1]
Бендер бил едно од точките на најголемите борби за време на целата Транснистриска војна заедно со Дубасари, а битката што се случила во градот била најкрвавиот и најголем поединечен инцидент во конфликтот.[1] Транснистрија во текот на војната имала помош од руските редовни трупи и од 14-та гардиска армија, која им обезбедувала оружје и муниција на вооружените сили на Транснистрија, што било од витално значење за сепаратистичката победа во Бендер. Како одговор на присуството на руски трупи на молдавска територија, претседателот на Молдавија Мирчеа Снегур побарал одмазда против Русија од Обединетите нации (ОН), добивајќи слаба меѓународна поддршка. Така, на 21 јули 1992 година, Молдавија и Русија потпишале договор за прекин на огнот со кој завршила Транснистриската војна. Како резултат на тоа, во Транснистрија била инсталирана таканаречена мировна руска воена мисија, додека Транснистрија почнала да се одвојува од молдавските институции, станувајќи понезависна од Молдавија.[2]
Во Транснистрија, Битката кај Бендер во тоа време од страна на медиумите во Транснистрија била наречена „Сталинград на денешницата“ и често била споредувана со Источниот фронт од Втората светска војна, во кој нацистичка Германија го нападнал Советскиот Сојуз (СССР). Русија и денес се смета за „спасител“, додека молдавските и романските сили се сметаат за „националисти“ и „фашисти“. Од друга страна, во Молдавија, Битката кај Бендер денес се смета за провокација од страна на „криминални“ и „паравоени“ сепаратисти, направена со цел да се наруши процесот на мировни преговори за конфликтот.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Baidaus, Eduard (2018). „Portraying heroes and villains: Moldovan and Transnistrian print media during the 1992 war in the Dniester Valley“. Canadian Slavonic Papers. 60 (3–4): 497–528. doi:10.1080/00085006.2018.1520419.
- ↑ Munteanu, Angela; Munteanu, Igor (2008). „Transnistria: a paradise for vested interests“. SEER: Journal for Labour and Social Affairs in Eastern Europe. 10 (4): 51–66. doi:10.5771/1435-2869-2007-4-51. JSTOR 43293238.