Битка кај Адријанопол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Krstaski stit.jpg
Крстоносни војни
Krstaski stit.jpg
Портал:Крстоносни војни

Битката кај Адријанопол се одвила на 14 април 1205 година помеѓу крстоносците од Латинското Царство предводени од Балдуин I и бугарите предводени од Калојан.

Само што била освоена византиската престолнина, Цариград во 1204 година и создавање на Латинското Царство, крстоносците се свртиле и кон Балканот. Во пролетта на 29 март 1205 година, крстоносците го опседнале Адријанопол (Одрин). Со започнувањето на противнападот, крстоносците претрпиле пораз. Битката била победничка за бугарите, а од страна на крстоносците биле убиени околу 300 рицари, а самиот император бил заробен и убиен.