Битка за Радуша (2001)
Битка кај Радуша | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Воен конфликт во Македонија | |||||||
Дел од заштитниците на Радуша |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Македонски безбедносни сили | ОНА КЗК |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Борис Трајковски Владо Бучковски Ген. Панде Петровски Ком. Страшо Глигоров Ген. Ристо Галевски Ацо Стојановски | Али Ахмети Агим Чеку Рафиз Аљити Командант Хоџа |
||||||
Сила | |||||||
35 до 70 полицајци 1 Сухои-25 Ми-24 | 600 до 700 терористи на ОНА и КЗК | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
5 ранети | 100 до 150 убиени терористи |
Битката кај Радуша — серија од вооружени судири помеѓу македонксите безбедносни сили (АРМ и МВР) и албанските терористи на ОНА во областа околу селото Радуша, во близина на границата со Косово.[1] Првите судири се појавуваат кон крајот на месец јуни, а главната битка започнува во средината на август, 2001. Битката кај Радуша важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година.
Офанзивата на терористите почна во раните утрински часови на 10 август 2001 година, прво со ограничен напад врз полициската станица во Радуша. Во неа, во тој момент се наоѓаше само еден полициски вод од триесеттина полицајци. Нападот беше извршен од страна на припадници на Косовскиот заштитен корпус, кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлија во Радуша, во содејство со локалните терористи и вооружениот народ. Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на РМ.[2][3]
Почеток на борбите
[уреди | уреди извор]Престрелка на 20 јуни
[уреди | уреди извор]Судирот од 20 јуни е првиот вооружен инцидент од борбите кај Радуша[1]. Инцидентот се случува кога четворица полицајци од станицата во Радуша, за време на теренска патрола наидуваат на 40 терористи вкопани над селските гробишта, во подножјето на планината Жеден. Полицајците веднаш отвориле оган врз припадниците на ОНА, кои во тоа време се одморале. Според извори од МВР во пукотницата бил убиен еден терорист, а еден бил ранет[4].
Терористите жестоко возвратиле на огнот, при што полициската патрола се повлекла од местото и повикала хеликоптерско засилување по радиоврска. Во 19.10 часот хеликоптерска единица на АРМ ги разбила терористите и ги принудила на повлекување[4].
Откако припадниците на ОНА биле натерани на повлекување, на местото каде што се случила престрелката се пронајдени неколку шатори. Според сознанија на полицијата, местото било користено како камп за обука, каде што припадниците на ОНА се обучувале, а потоа биле префрлани во кризните реони на Куманово и Тетово[5].
Престрелка на 23 јуни
[уреди | уреди извор]На 23 јуни во близина на Радуша се случува еден од најдраматичните поединечни судири за време на воениот конгликт од 2001 година, кога патрола на макеоднската полиција при извршување на редовна контрола на граничниот појас е нападната од заседна поставена од припадници на ОНА[6]. Полициската патрола е предводена од командирот на полициската станица во Радуша, Ацо Стојановски[7].
Терористите испукуваат ракета од РПГ рачен фрлач Зоља кон полициско возило Југо 55, која благодарение на брза реакција од страна на возачот Трпевски Зоран, удира во тркалото на возилото. Втората испукана граната се експлодира во багажникот на Југото, при што возачот и командирот Стојановски се исфрлени од возилото во амбисот према коритото на река Вардар, додека третиот полицаец од патролата, Киров Д., кој седел на задното седиште се здобил со изгореници во горниот дел на телото и од експолизјата бил фрлен на подот помеѓу седиштата[1].
Полицискиот командир Стојановски губи сознание, но се буди по неколку рафали испукани од позициите на ОНА кои полека се приближуваат кон автомобилот во којшто се наоѓа ранетиот Киров. Тој прво му ја преврзува отворената рана на полицаецот Трпевски, и потоа со автоматската пушка која ја има до себе се искачува до врвот на амбисот кон возилото. Кога лоцира од каде доаѓаат напаѓачите, почнува да пука кон нив. Откако испразнува два шаржера, Стојановски ползи кон изрешетаното возило, го извлекува Киров, двата други автомата, како и ранците со муниција и го носи кај другиот ранет полицаец. Од таа позиција Стојановски стрела од трите автомата кон терористите, не давајќи им да се доближат. По 40 минути доаѓаат оклопни возила на АРМ од караулата Радуша кои ги евакуираат полицајците кон полициската станица[1].
Главната битка кај Радуша и агресија врз Македонија
[уреди | уреди извор]10 август
[уреди | уреди извор]Во раните утрински часови на 10 август 2001 година започнува офанзива на ОНА од територијата на Косово насочена врз реонот на Радуша. Офанзивата се случува за време на примирјето пред потпишувањето на Охридскиот договор. Првите борбени дејствија започнуваат во 20 часот вечерта со минофрлачки напад врз полициската станица во Радуша. Во станицата во тој момент се наоѓа само еден вод од триесет и пет полицајци. Во истото време биле нападнати и позициите на АРМ кај месноста Чашка. Терористите го извршиле нападот врз безбедносните сили од минофрлачки позициите во косовските села Кривеник и Горанци. Безбедносните сили возвратиле на огнот, и престрелката траела до 2 часот наутро. Еден час подоцна, ОНА почнува нов напад кој трае до 8 часот изутрината, и е одбиен од страна на припадниците на безбедносните сили[8]. Во нападот, од шрапнели бил повреден еден војник кој се здобил со повреди во колкот и во раката[9].
Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање нападот бил извршен од страна на 600 до 700 припадници на Косовскиот заштитен корпус[8], кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлиле во Радуша. Според информации од Управата, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на РМ[10].
Во Министерството за внатрешни работи веднаш се прогласува мобилна состојба и утрото на 11 август 2001 итно во реонот на Радуша е испратена Единицата за специјални задачи "Тигaр". Специјалците имаат задача да се пробијат до полициската станица и оттаму да ја извлечат загрозената единица, но заради силниот оган и веќе воспоставениот обрач од многубројниот противник тие се вкопуваат на позиции во непосредната близина на Радуша. Во меѓувреме, од утрото до околу 11 часот се засилува влегувањето на единици на КЗК по истиот правец од Косово[1].
11 август
[уреди | уреди извор]Министерот за внатрешни работи и премиерот Љубчо Георгиевски веднаш побарале акција од Министерството за одбрана и армискиот врв, неопходни и вообичаени при едно вакво загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет. Но во тој период на објавено примирје Претседателот Трајковски, како врховен командант на Армијата бил концентриран на постигнувањето на политичко решение во преговорите, и не сакал да поведе акции кои би довеле до ескалација. Во тој момент не функционирала дури ниту специјалната воена линија меѓу премиерот и Генералштабот. Додека полициски функционери се обидуваат да издејствуваат акција на армијата, опкружените полицајци во Радуша биле препуштени сами на себе, соочени со повеќе од десет пати поброен непријател[1][10].
Откако првите напади на ОНА се одбиени, следниот ден (11 август) терористите го започнуваат најсериозниот напад врз безбедносните сили во скопскиот регион. Колона од двесте терористи прво со минофрлачки, снајперски и автоматски оган ги нападнаѓа граничарите од караулата Радуша, сместена меѓу селата Кучково и Радуша. Паралелно со нападот врз караулата на АРМ почнува и нов напад на опколената полициска станица. Две колони на терористите ја напаѓаат полициската станица во Радуша - едната од правец на кампот за бегалци, а другата по долината на реката Вардар од месноста Висечки Мост, додека трета колона форсирала по должината на земјениот пат што води од Радуша кон границата со Косово[8]. За време на жестоките борби е запален склад со нафта во касарната, а терористите се доближиле толку многу, што почнуваат да ја сечат мрежата од оградата на касарната[11]. Македонските граничари ги одбиле сите напади во реонот на караулата, а очевидци тврдат дека виделе како терорисите повлекуваат тела на десетици мртви и ранети[12]. На другите делови од боиштето полицајците исто така ги одбиле нападите[8].
12 август
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 "Исповед - Радуша 2001". Звонко Младеновски. Скопје. 2003
- ↑ „Погребите ја погребаа командната одговорност“ (PDF). Македонско Сонце. 2005-01-28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-01-19. Посетено на 2016-07-17.
- ↑ „Наместо награда за храброста, резервистот го прават луд!“. Дневник. 2001. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 2016-07-17.
- ↑ 4,0 4,1 "ВО БОРБИ КАЈ РАДУША. Разбиена терористичка група на Жеден". Дневник. 22 јуни 2001 [1] Архивирано на 3 октомври 2013 г.
- ↑ "Албанските терористи на планината Жеден разапнале шатори". Весник ВЕСТ. 22 јуни 2001 [2] Архивирано на 4 март 2016 г.
- ↑ „"Терористите нападнаа со зољи и минофрлачи а се најдовме и во вкрстен оган од автомати". Весник ВЕСТ. 5 декември 2001“. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 2012-06-11.
- ↑ „"Цела деценија ме измачува Радуша". Нова Македонија. 24 јуни 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-06-27. Посетено на 2012-06-11.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 "ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО СКОПСКО - Заробени дваесетина терористи". Дневник. 13 август 2001 [3] Архивирано на 3 октомври 2013 г.
- ↑ "Нападнати пунктови на полицијата и на АРМ кај Радуша и Чашка". Весник ВЕСТ. 11 август 2001 [4] Архивирано на 2 октомври 2013 г.
- ↑ 10,0 10,1 „"Погребите ја погребаа командната одговорност". Жаклина Митевска. Македонско Сонце. 28 јануари 2005“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-21. Посетено на 2012-06-11.
- ↑ "Наместо награда за храброста,резервистот го прават луд!". Дневник. 18 март 2006 [5] Архивирано на 3 октомври 2013 г.
- ↑ "Radusha Battle" by Sasho Ordanoski. Forum Magazine. 2 December 2004