Прејди на содржината

Битка за Осиек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битката кај Осиек
Дел од Хрватската војна за независност
споменик на битката кај Осиек
Датум Август 1991 – јуни 1992
Место Осиек, Хрватска
Исход Прекин на огнот
Завојувани страни
Yugoslavia Југославија  Хрватска
Команданти и водачи
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Андрија Биорчевиќ Хрватска Бранимир Главаш
Хрватска Карл Гориншек
Вклучени единици
Жртви и загуби
Unknown Убиени 800 војници и цивили

Битката за Осиек (српскохрватски: Bitka za Osijek) била артилериско бомбардирање на хрватскиот град Осиек од страна на Југословенската народна армија (ЈНА), кое се случувало од август 1991 до јуни 1992 година за време на Хрватската војна за независност, а гранатирањето достигнало врв кон крајот на ноември и декември 1991 година, а потоа се намалило во 1992 година откако планот Ванс бил прифатен од борците.

Воздушни напади и напади од пешадиските и оклопните единици на ЈНА врз цели во градот биле придружени со бомбардирање, кое предизвикало приближно 800 смртни случаи и резултирало со заминување на голем дел од населението на градот. Хрватските извори проценуваат дека 6.000 артилериски гранати биле испукани врз Осиек во текот на периодот.

Откако ЈНА го зазела Вуковар на 18 ноември 1991 година, Осиек станал следната цел на репертоар за нивната кампања во Хрватска. Единиците на ЈНА потчинети на 12 (Новосадски) корпус, воедно поддржани и од Српската доброволна гарда, постигнале скромен напредок кон крајот на ноември и почетокот на декември, освојувајќи неколку села јужно од Осиек, но Хрватската армија го одржала својот одбранбен фронт и го ограничила напредувањето на ЈНА.

По Битката кај Осиек, хрватските власти обвиниле 13 офицери на ЈНА за воени злосторства против цивили, но досега не биле извршени апсења, а воедно хрватските власти, исто така, го обвиниле воениот командант на одбраната на Осиек, Бранимир Главаш, и уште петмина други за воени злосторства извршени во градот во 1991 година и петмината биле осудени и добиле казни затвор од осум до десет години, а од март 2015 година, судските постапки против Главаш биле сеуште во тек.

Позадина

[уреди | уреди извор]

Во 1990 година, по изборниот пораз на владата на Социјалистичка Република Хрватска, етничките тензии уште повеќе се влошиле со што Југословенската народна армија (ЈНА) го конфискувала оружјето на Територијалната одбрана на Хрватска (ТО) со цел минимализирање на потенцијален отпор.[1]

На 17 август 1990 година, дополнителната ескалација на тензиите се претворила во отворен бунт на хрватските Срби,[1] а бунтот се случил во областите претежно населени со Срби во далматинската заднина околу Книн [2] и во делови од регионите Лика, Кордун, Бановина како и Славонија.[3]

Во јануари 1991 година, Србија, поддржана од Црна Гора и српските покраини Војводина и Косово, направила два неуспешни обиди да добијат одобрение од југословенското претседателство за распоредување на ЈНА за разоружување на хрватските безбедносни сили.[1]

По крвавата престрелка меѓу српските бунтовници и хрватската специјална полиција во март,[4] самата ЈНА која била поддржана од Србија и нејзините сојузници, побарала од федералното претседателство да ѝ бидат додели воени овластувања и воедно да биде прогласена вонредна состојба.

Сепак на 15 март 1991 година барањето било одбиено,[1] а ЈНА паднала под контрола на српскиот претседател Слободан Милошевиќ во летото 1991 година, кога југословенската федерација веќе почнала да се распаѓа,[5]а до крајот на месецот, конфликтот ескалирал дополнително што резултирало со првите жртви во војната.[6] Потоа ЈНА се вмешала за да ги поддржи бунтовниците и со цел да ја спречи интервенцијата на хрватската полиција.[1]

На почетокот на април, водачите на српскиот бунт во Хрватска ја објавиле својата намера да ги интегрираат областите под нивна контрола со Србија, чија објава Владата на Хрватска го сметала ова за чин на отцепување.[7]

Временска линија

[уреди | уреди извор]
Карта што ги прикажува борбите во источна Славонија, септември 1991 – јануари 1992 година; Осиек се наоѓа во испакнатината (истакнатиот дел) близу до врвот на картата.

На 3 јули 1991 година ЈНА за прв пат директно интервенирала против Хрватска протерувајќи ги хрватските сили од Барања, кој се наоѓал северно од градот Осиек,[4] како и од Ердут, Алјмаш и Даљ источно од Осиек.[8]

Напредокот бил проследен со повремени борби околу Осиек, Вуковар и Винковци,[9] а на неколку места, позициите на ЈНА се приближиле на неколку стотици метри од границите на градот Осиек.[10]

Единиците на ЈНА во близина на Осиек биле подредени на 12 (Нови Сад) корпус[11] кој бил под команда на генерал-мајор Андрија Биорчевиќ,[12] а во самиот град, ЈНА имала неколку касарни во кои биле сместени 12 пролетерска механизирана бригада и 12 мешан артилериски полк[13] во кои 12 пролетерска механизирана бригада содржела еден од малкуте баталјони одржувани од ЈНА во целосна борбена готовност,[14] а градот Осиек бил основан како нивна почетна точка во планираната офанзива кон запад кон Нашице и Бјеловар.[11]

Хрватските сили во областа формално биле подредени на Командата на оперативната зона во Осиек, предводена од полковник Карл Гориншек,[15] но во пракса, одбраната на градот ја надгледувал Бранимир Главаш кој бил тогашен началник на Канцеларијата за национална одбрана во Осиек и според информациите презентирани на судењето на Главаш во првите години од 20 век, дека Главаш формално станал командант на градската одбрана на 7 декември 1991 година.[16]

Бомбардирање на градот

[уреди | уреди извор]
Делумно поправени штети од бомбардирање во Осиек

ЈНА прво го нападнала Осиек со минофрлачки оган на 31 јули 1991 година,[17] а 20 дена подоцна, на 19 август, силно го бомбардирал центарот на градот.[17] Нападите доаѓале од позиции северно, источно и јужно од Осиек[18] и биле поддржани од гарнизони на ЈНА стационирани во самиот Осиек.[19]

Од 7 до 9 септември се водела нерешителна битка во Тења на 3км од градот,[13] а веќе кон средината на септември Гарнизоните на ЈНА биле опсадени од хрватските сили.

На 15 септември 1991 година, откако касарна во центарот на градот била освоена,[20] преостанатиот гарнизон на ЈНА се обидел да се пробие низ хрватските трупи што ја освоиле касарната и по тешки борби, стигнале до позициите на ЈНА јужно од Осиек на 17 септември 1991 година.[13] Подоцна интензитетот на гранатирањето се зголемил и достигнал врв во текот на ноември и декември.

Откако конечно било договорено примирје во јануари 1992 година, по прифаќањето на планот на Венс, артилериските напади се намалиле и станале повремени,[21] а веќе целосно престанале до јуни.[18]

За време на неговата кулминација, интензитетот на бомбардирањата, според извештаите, достигнал до една граната во минута,[22] а артилериските напади биле засилени со нападите на југословенските воздухопловни сили врз градот.[4]

Според хрватски извори, вкупно 6.000 артилериски гранати биле испукани врз Осиек,[23]а пред почетокот на бомбардирањето, цивилното население во Осиек броело вкупно 104.761 жители на градот и 129.792 жители на општината[24] кои биле значително намалени од причини што цивилите избегале од борбите, со што се проценува дека само околу една третина од населението останало во градот до крајот на ноември,[25] а некои извори ја ставиле проценката уште пониска, сугерирајќи дека населението на градот било намалено на само 10.000 цивили за време на најинтензивните периоди на бомбардирањето.[18] Оние што останале во Осиек за време на борбите генерално спиеле во засолништа од бомби.[10]

Копнена офанзива

[уреди | уреди извор]

Откако ЈНА го зазела Вуковар на 18 ноември, 12 (Нови Сад) корпус на ЈНА, кој бил поддржан од паравоените сили на Српската доброволна гарда, кои воедно биле обучени од Министерството за внатрешни работи на Србија,[9][26] започнала да напредува кон запад помеѓу Винковци и Осиек на 20 ноември,[9] а се чинело дека градот Осиек била следната цел на ЈНА,[27] што подоцна било потврдено од генералот Живота Паниќ, командант на Првиот воен округ на ЈНА.[13]

На 21 ноември 1991 година, ЈНА ги зазела селата Стари Селеш, Нови Селеш и Ернестиново лоцирани приближно на 10км јужно од Осиек, а Ласлово кој се наоѓал 5км јужно од Ернестиново, бил заземено три дена подоцна на 24 ноември. Овие случувања го загрозиле Ѓаково и укажале на потенцијално опкружување на Осиек.[8]

Веќе на 4 декември 1991 година, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Сајрус Венс, го посетил Осиек за да ја провери штетата.[28]

На 5 декември 1991 година ЈНА направила мал напредок, освојувајќи го Антуновац, лоциран на 6км јужно од Осиек[8] и истиот ден, оклопни сили на ЈНА безуспешно нападнале позиции што ги држела хрватската 106 бригада во шумата Росињача во близина на Неметин, приближно 2км источно од Осиек.[29]

На 6 декември, ЈНА ги потиснала хрватските трупи од Тења,[8] по што следел тежок напад врз Осиек, кој бил одбиен од Хрватската армија (ХА) на 7 декември,[30] а 4 дена подоцна, персоналот на ХА влегол во селото Паулин Двор на фронтовската линија на околу 3км западно од Ернестиново.[8][31][32]

На 16 декември 1991 година ЈНА го освоила Паулин Двор[8] и повторно го нападнала Осиек,[33] но ХА за среќа успеала да го совлада нападот, иако борбите продолжиле јужно од Осиек до јануари 1992 година.[9]

Операција „Ѓаволски зрак“

[уреди | уреди извор]

Напредувањето на ЈНА северно од Осиек ја загрозило контролата на ХА врз тесниот предмостоен дел што го држела реката Драва, кој се протегал покрај северниот раб на градот, а до средината на декември, предмостониот дел бил сведен на парче земја спроти Осиек, опфаќајќи ги приградските населби Подравље и Тврѓавица.

За да ја отстрани заканата, ХА започна офанзива со кодно име „Ѓаволска греда“ (хрватски: Operacija Đavolja greda) на 17 и 18 декември и во неа учествувале 1 баталјон на 135 бригада, елементи на специјалните сили Франкопан баталјон и специјалната полициска единица Орао со седиште во Осиек, како и флотилата на реката Драва, артилеријата на 106 бригада[34] и персоналот на 4 полициска станица Бели Манастир[35] кои успешно ја потиснале ЈНА на север, преку езерото Стара Драва, кое се наоѓало приближно 4км северно од Осиек.[36]

ЈНА се повлекле и од селото Копачево кон Дарда и Вардарац, но ХА немаше доволно ресурси за да го искористи развојот.[37] ХА загубила осуммина убиени во офанзивата,[38] но напредувањето на ЈНА кон Осиек од север било запрено.[35]

Последици

[уреди | уреди извор]

До јуни 1992 година, приближно 800 луѓе биле убиени во бомбардирањето,[21] а до крајот на Хрватската војна за независност во 1995 година, вкупно 1.724 луѓе од Осиек биле убиени, вклучувајќи 1.327 војници и 397 цивили.[39]

Самиот град претрпел голема штета за време на војната, при што најголемиот дел од директната штета се случи како последица на бомбардирањето од 1991-92 година,[40] а директната воена штета што ја претрпел градот била проценета на вкупно 1,3 билиони американски долари.[40] Штетата редовно ја евидентирале 400 волонтери за време на бомбардирањето.[40]

Иако медиумите известувале за бомбардирањето на Осиек, сепак новинарите во самиот град сметале дека тоа добивало претерано ниско ниво на медиумско покривање во споредба со воените настани на други места во Хрватска.[41]

Нападите врз Осиек биле поздравени од весникот Православље што го издавала Српската православна црква, кој се чинел дека го благословува нападот како дел од „света војна“, ставајќи го во контекст на масакрите и концентрационите логори во Втората светска војна во Независната Држава Хрватска.[4]

Во 1992 година ЈНА веќе се повлекла од Хрватска, но продолжила да придонесува со персонал и опрема во Армијата на Република Српска Краина (АРСК), која ги контролирала областите претходно држени од ЈНА.[42]

Иако мировниците на УНПРОФОР се распоредиле во областа врз основа на планот Ванс и го сместиле поголемиот дел од тешкото оружје на АРСК во складиште,[9] Осиек бил повремено бомбардиран во текот на војната, а последниот артилериски напад се случи во септември 1995 година.[43]

Непријателствата престанале во ноември 1995 година преку Ердутскиот договор со кој се обезбедило враќање на хрватската власт во регионот.[44]

Во ноември 2010 година, тогашниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ официјално се извинил за масакрот во Паулин Двор, кратко откако неговиот српски колега Борис Тадиќ издал формално извинување за масакрот во Вуковар.[31]

Судења за воени злосторства

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, хрватските власти формално го обвиниле полковникот Боро Ивановиќ, кој тогаш бил командант на 12 пролетерска механизирана бригада на ЈНА, како и други 12 офицери на ЈНА за воени злосторства против цивилното население, а обвиненијата вклучувале предизвикување на смртта на 307 цивили во Осиек и околните области, повреди на уште 171 цивил и уништување на најмалку 1.188 различни објекти, но од 2013 сите обвинети офицери останале на слобода во Србија.[45]

Во 2005 година, Окружниот суд во Осиек го осудил поранешниот хрватски војник Никола Иванковиќ за неговата вмешаност во убиствата во Паулин Двор и го осудил на 15 години затвор, а во 2012 година, Енес Витесковиќ исто така бил осуден за неговата вмешаност во злосторството и добил единаесет години затвор.[32]

По војната, пет хрватски борци биле обвинети и осудени по единаесет обвиненија за убиство, од кои едно за обид за убиство и едно за тортура на цивили пронајдени во касарната на ЈНА, кои се предале на 15 септември 1991 година и добиле затворски казни од пет до осум години, а Главаш, кој воедно бил суден заедно со нив за истите злосторства, добил десетгодишна казна.[20][46]

Пред пресудата да стане правосилна во 2009 година, и за да избегне екстрадиција, Главаш избегал во Босна и Херцеговина, каде што добил државјанство, а неговата казна била намалена на осум години и стапила на сила во 2010 година, кога бил уапсен и затворен во Босна и Херцеговина,[47] но во јануари 2015 година, пресудата била поништена од Уставниот суд на Хрватска, во исчекување на ново судење пред Врховниот суд на Хрватска.[48]

  1. 1 2 3 4 5 Hoare 2010.
  2. The New York Times 19 August 1990.
  3. Woodward 1995.
  4. 1 2 3 4 Ramet 2006.
  5. Sell 2002.
  6. The New York Times 3 March 1991.
  7. The New York Times 2 April 1991.
  8. 1 2 3 4 5 6 Marijan 2012a.
  9. 1 2 3 4 5 CIA 2002.
  10. 1 2 The Washington Post 6 September 1991.
  11. 1 2 Marijan 2012b.
  12. Vreme 7 September 2006.
  13. 1 2 3 4 CIA 2002b.
  14. Marijan 2003.
  15. Slobodna Dalmacija 8 November 2003.
  16. Slobodna Dalmacija 26 October 2006.
  17. 1 2 Libal 1997.
  18. 1 2 3 Ramsbotham, Miall & Woodhouse 2011.
  19. Mesić 2004.
  20. 1 2 Nacional 24 October 2006.
  21. 1 2 Jegen 1996.
  22. Bailey 2004.
  23. Nacional 27 April 2012.
  24. Andraković & Jukić 2009.
  25. Los Angeles Times 26 November 1991.
  26. Macdonald 2002.
  27. Ahrens 2007.
  28. The Washington Post 4 December 1991.
  29. Glas Slavonije 6 December 2012.
  30. Los Angeles Times 9 December 1991.
  31. 1 2 BBC 4 November 2010.
  32. 1 2 B92 11 December 2011.
  33. Fraser 17 December 1991.
  34. SIB.hr 23 December 2013.
  35. 1 2 Bajto 18 December 2011.
  36. Pejić 19 December 2014.
  37. Alilović 18 December 2014.
  38. Zelenić 18 December 2014.
  39. HRT 28 June 2012.
  40. 1 2 3 Pavičić 2009.
  41. Mercier 1995.
  42. Armatta 2010.
  43. Večernji list 16 November 2011.
  44. Ramet & Matić 2007.
  45. Blic 17 November 2008.
  46. Nacional 8 May 2009.
  47. Nacional 28 September 2010.
  48. Jurasić 12 January 2015.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Blaskovich, Jerry (1997). Anatomy of Deceit: An American Physician's First-Hand Encounter With the Realities of the War in Croatia. Sonoma, California: Dunhill Publishing. ISBN 978-0-935016-24-6. – Chapter 6: The Devastation of Osijek and the Smoldering Ashes of Vukovar

45°34′N 18°40′E / 45.56°N 18.67°E / 45.56; 18.67