Битка на Козара

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Битката на Козара)
Битката на Козара
Дел од Втора светска војна
Датум 10 јуни – август 1942[1]
Место Планина Козара, североападна Босна
Исход Победа на оската, Партизанската сила лошо наштетена
Завојувани страни
Оската:
 Германија
 Независна Држава Хрватска
 Унгарија
:
 Партизаните
Команданти и водачи
Трет Рајх Фридрих Штал[1]  Коста Наѓ
Сила
околу 15,000 Германски војници
22,000 НДХ-војници
5 Унгарски надгледувачи
3,000 војници со помош на доброволци
Жртви и загуби
7,000 жртви[2] 25,000 цивилни и воени жртви (1,700 убиени во борба)

Битката на Козара (или операција „Западна Босна”, име дадено од Силите на Оската) — важна битка за југословенските партизани во Втората светска војна, но и ѕа спас на народот кој бил на директен удар на усашките сили на НДХ и германските сили. Во пролета 1942 година, југословенските партизани во централна и западна Босна ги ослободиле Дрвар, Босански Петровац, Гламоч и Приедор. На 20 мај првата Крајнска ударна бригада била оформена, а наредниот ден добиле тенкови и авиони. Слободната територија се протегала од реката Сава на југ, до планините Козара и Грмеч. Во зимата, партизаните нанеле големи губитоци на Германците. Но голема загуба за партизаните била смртта на нивниот храбар и исклучително способен командант, Младен Стојановиќ, познат како Командант Младен, кој бил убиен во март 1942 од страна начетниците.

Власта на силите на Оската и усташите виделе дека градот Бања Лука бил во опасност и организирале офанзива за да ги спречат партизаните. Оската имала приближно 40.000 војници а партизаните имале 3000 војници, но имале и помош од голем број жители кои се вклучиле во борбата.

После долгата борба, околу 1700 партизански војници загинале, додека од Оската само околу 7000 војници. После борбата голем дел од населението, вклучително и децата, биле испратени во концетрациониот логор „Јасеновац“, каде бројот на српските, еврејските и ромските жртви сè сè уште неизброени, но податоците зборуваат за 500.000[3] - 700.000[4] страдалници, од кои 76.000 биле деца.[5] Во исто време главната партизанска група со Јосип Броз Тито се преместила од источна во западна Босна, а изгубената земја била повторно ослободена во 1942 септември.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Redžić, Enver (2005). Bosnia and Herzegovina in the Second World War. стр. 215.
  2. Battle of Kozara Memorial
  3. Zemaljska komisija Hrvatske za utvrđivanje zločina okupatora i njihovih pomagača — Zločini u logoru Jasenovac, Zagreb 1946, štampano izdanje, Spomen-područje Jasenovac, NIP "Glas" Banjaluka, 1980
  4. http://www.yadvashem.org/odot_pdf
  5. Bosworth, R.J.B. (2009). The Oxford Handbook of Fascism. Oxford University Press. стр. 431. ISBN 978-0-19-929131-1.