Битката кај Керженец
„Битка кај Керженец“ | |
---|---|
![]() Насловна шпица | |
Режисер | Јуриј Норштејн Иван Иванов-Вано |
Продуцент | Сојузмултфилм |
Сценарист | Иван Иванов-Вано |
Музика | Римски-Корсаков |
Премиера | 1971 (СССР) |
Времетраење | 10 мин 12 сек |
Држава | ![]() |
Јазик | руски |
„Битката кај Керженец“ (руски: Се́ча при Ке́рженце) е советски анимиран филм од 1971 во режија на Иван Иванов-Вано и Јуриј Норштејн. Филмот содржи музика на Николај Римски-Корсаков, како и руски фрески и слики од средниот век (анимирани со помош на дводимензионална стоп моушн анимација).
Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Приказната се заснова на легендата за невидливиот град Китеж (која исто така е дел и од опера во четири чина на Римски-Корсаков од 1907), кој исчезнал под водите на едно езеро во обид да избегне напад на Монголите (Русија се наоѓа под монголска инвазија во тек од три века за време на средниот век).
Сепак, филмот само повремено ја следи легендата, бидејќи врвната точка на истиот е битка меѓу руските војници и монголските орди, која е направена да симболизира битка меѓу две култури (на пример Богородица се јавува на почетокот на филмот, набљудувајќи ја со нежен поглед руската армија).
Награди[уреди | уреди извор]
- 1971 - Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари: добива награда Најдобар анимиран филм
- 1972 - Загребски светски фестивал на анимирани филмови: главна награда
- 1972 - Тбилиси: Најдобар анимиран филм
- 1972 - Бомбајски филмски фестивал: "Диплома"
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Битката кај Керженец на Семрежната филмската база на податоци
- Битката кај Керженец на Animator.ru ru (англиски)
|