Битката кај Аженкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Битката кај Аженкур била битка во стогодишната војна. Битката се одвивала на 25 октомври 1415 година ( Денот на Свети Криспин) во близина на Аженкур, во Северна Франција. Со неочекуваната англиска победа против помоќната француска армија се зголемил англискиот морал и углед, додека Франција воено ослабела, а со тоа започнал нов период на англиска доминација во војната.

По неколку децении од релативен мир, Англичаните ја продолжиле војната во 1415 година, поради неуспехот на преговорите со Французите. Во кампањата што следела, многу војници починале од болест, и бројот на англиски војници се намалил; тие се обидувале да се повлечат до Калес, кое било под контрола на Англија, но се нашле со блокиран пат од значително поголема француска армија. И покрај неповолната положба, битката завршила со огромна тактичка победа на Англичаните.

Англискиот крал Хенри V ги водел своите војници во битката. Додека фрацускиот крал Шарл VI не ја командувал француската армија бидејќи страдал од психотични болести и ментална неспособност. Со Французите командувал Констабилот Шарл д’Албрет и разни други истакнати француски благородници од партијата Армањак. Оваа битка е значајна по употребата на велшкиот лак во многу голем број, со тоа што англиските и велшките стрелци сочинувале скоро 80 проценти од англиската армијата.

Аженкур е една од најславните победи во Англија и била еден од најважните триумфи на Англичаните во стогодишната војна, заедно со битката кај Креси (1346) и битката кај Поатие (1356). Битката претставува централно дело на драмата Хенри V од Вилијам Шекспир, напишана во 1599 година.

Современи извори[уреди | уреди извор]

Монументален месинг на англиски витез кој носел оклоп во времето на Аженкур ( Сер Морис Расел (в. 1416 г.), Дирхам црква, Глостершир)

Битката кај Аженкур е добро документирана од најмалку седум современи извештаи, од кои што три се очевидци. Приближната локација на битката никогаш не била оспорена, а локацијата останува релативно непроменета и по 600 години.

Веднаш по битката, Хенри ги повикал хералдите на двете војски што ја гледале битката заедно со главниот француски хералд Монтџој и тие се решиле за името на битката како Аженкур, по најблиското утврдено место.[1] Двете најчесто цитирани извештаи доаѓаат од бургундски извори, едно од Жан ле Февре де Сен-Реми кој бил присутен во битката и другиот од Ангеран де Монстреле. Извештајот на англискиот очевидец доаѓа од анонимниот автор на Gesta Henrici Quinti, за кое се верува дека е напишано од капелан во домаќинството на кралот, кој бил дел од позадинската единица на армијата.[2] Неодамнешната повторна проценка на стратегијата на Хенри за кампањата во Аженкур ги вклучува овие три извештаи и тврди дека војната се сметала за правна процедура за решавање на несогласувањето околу претензиите на францускиот престол.

Поставеност на трупите[уреди | уреди извор]

Бојно поле[уреди | уреди извор]

Прецизно каде била локацијата на битката не е познато. Може да биде во тесната лента на отворено земјиште формирано помеѓу шумата Трамекур и Аженкур (близу до денешното село Аженкур). Сепак, недостатокот на археолошки докази на оваа локација довело до идејата дека се водела на запад од Аженкур.[3] Во 2019 година, историчарот Мајкл Ливингстон, исто така поставил можна локација, западно од Аженкур, врз основа на преглед на извори и рани мапи.[4]

Англиската поставеност[уреди | уреди извор]

Битката кај Аженкур

На почетокот на 25 октомври, Хенри ја поставил својата војска (приближно 1.500 витези и 7.000 стрелци ) на 690 метри долг дел од пролазот. Армијата била поделена во три групи, со десното крило предводено од Едвард, Дук на Јорк, центарот предводен од самиот крал и левото крило под водство на стариот и искусен барон Томас Камојс. Со стрелците командувал Сер Томас Ерпингам.[5] Веројатно е дека Англичаните ја користеле својата вообичаена борбена линија на стрелци од дветете крила, со витези во центарот. Можно е и да распоредиле некои стрелци во центарот на линијата. Англиските витези биле поставени рамо до рамо. Англиските и велшките стрелци на крилјата поставиле дрвени колци во земјата под агол за да ја принудат коњаницата да се оддалечи. Оваа употреба на колци можно е да била инспирирана од битката кај Никопол во 1396 година, каде што Отоманското Царство ја користеле тактиката против француската коњаница.

Француската поставеност[уреди | уреди извор]

Француската армија имала 10.000 витези[6][7][5] и околу 4000–5000 разни пешаци, вклучувајќи стрелци[7] вкупно 14.000-15.000 војници. Веројатно секој воен напад би бил придружуван од вооружен слуга, додавајќи на уште 10.000 потенцијални борци,[6] иако некои историчари ги изоставиле од бројот на борци.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Keegan 1976.
  2. Curry 2000.
  3. Sutherland (2015)
  4. Livingston, Michael (2019). „Where was Agincourt Fought?“. Medieval Warfare. IX (1): 20–33. ISSN 2211-5129.
  5. 5,0 5,1 Sumption 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 Rogers 2008.
  7. 7,0 7,1 Mortimer 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]