Бистрица (Горноџумајска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
река Бистрица-Благоевград
река Бистрица-Благоевград

Бистрица или Горноџумаjска Бистрица (Благоевградска Бистрица) — река во Пиринска Македонија, лева притока на Струма.

Извира под Големиот Мечкин Врв на Рила и тече на запад. Реката минува низ викенд-населбата Бодрост и селото Бистрица, низ Горна Џумаја (Благоевград) и се влева во Струма над кварталот Струмско, при што образува голем наносен конус.

Должината на реката изнесува 41 км, а средниот наклон изнесува 33%.

Поврзано[уреди | уреди извор]