Прејди на содржината

Бискупија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бискупија[1][2] (латински: episcopia или латински: dioecesis) — име за административна единица во неправославни христијански заедници со традиционален бискупско уредување, како што се Римокатоличката црква, Англиканската црква и некои други цркви кои исто така припаѓаат на западното христијанство.[3][4]

Во Православната црква и во некои други цркви што припаѓаат на источното христијанство, пандан на бискупијата е епархијата.[5]

Со бискупијата управува бискуп.[6]

Организација

[уреди | уреди извор]

На чело на бискупијата се наоѓа бискуп, односно бискуп суфраган. Тој може да има и помошни, викарни бискупи. Бискупијата е понатаму поделена на жупи, на чело со жупници. Жупникот може да ја врши службата сам, но може да му бидат доделени и помошни жупници.

Понекогаш жупите се обединуваат во деканати, на чело се декани. Тие се непосредно подредени на диецезискиот бискуп и ја надгледуваат работата на сите подредени жупници.

Надбискупија

[уреди | уреди извор]

Во Римокатоличката и Англиканската црква, поважна бискупија со која управува надбискуп се нарекува надбискупија. Воедно таа може да биде и метрополија, но не мора да биде.

Сите бискупии влегуваат во состав на метрополијата, а нивните бискупи се нарекуваат бискупи суфрагани.

Други цркви

[уреди | уреди извор]

Бискупија или диецеза е исто така црковно-административна единица во некои други христијански цркви. Некои протестантски цркви го задржале бискупското уредување дури и по реформацијата.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]