Бисер балкански
„Бисер балкански“ | |
---|---|
Песна од Гоце Николовски | |
Јазик | македонски |
Објавена | 1990 |
Пуштена | 1990 |
Жанр | народна музика |
Должина | 4:40 |
Песнописец | Јован Павловски[1] |
Композитор(и) | Хилми Билбил и Т. Таневски[1] |

„Бисер балкански“ — новокомпонирана македонска народна песна во изведба на пејачот Гоце Николовски. Песната за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година. Ја освоила првата награда. Текстот на песната е од Јован Павловски, музиката е на Хилми Билбил а аранжманот е на Томислав Таневски. По самата изведба песната станува голем хит и многу наскоро станува широко прифатена од македонскиот народ.
Јасминка Павловска, во својата статија посветена на Гоце Николовски вели дека ниту една новосоздадена песна претходно, ни потоа немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните деведесетти, што се совпаѓа со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна.[1]
Тема[уреди | уреди извор]
Песната спаѓа во категоријата на народни новокомпонирани песни, во подгрупата на родољубиви песни. Главна тема е опевување на македонските убавини. Покрај тоа, во песната се опеани сите три дела на етничка Македонија, нејзината црна историја, но и љубовта кон истата.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Тивката тага на бисерот балкански“. Посетено на 2011-09-08.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Текстот на песната
- Тивката тага на бисерот балкански[мртва врска] на Утрински весник.
- Оригинална изведба на песната на Валандово Фолк Фест на YouTube.
![]() | Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |