Бисерка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бисерка
Птица во Серенгети, Танзанија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Бисерки
Род: Бисерка
Linnaeus, 1764
Вид: Бисерка
Научен назив
Numida meleagris
(Линеј, 1758)
Јајце во Музејот Тулуз.

Бисерка (науч. Numida meleagris) — најпознат член на семејството кокошковидни птици, и единствен член на родот бисерки (Numida). Се сретнува во Африка, јужно од Сахара, и по вештачки пат е населена на Западни Инди, Бразил, Австралија и јужна Франција.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Исчезнатиот вид N. m. sabyi.

На почетоците на доселувањето на Европејците во Северна Америка, домороден вид на дива мисирка (Meleagris gallopavo) била поистоветувана со бисерката. Зборот meleagris, на старогрчки јазик значи кокошковидна, и се користи во научното именувње на овие два вида на птици.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Познати се девет подвидови:[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Бисерка, Змејски планини, Јужна Африка

Бисерката е птица со големина од (53–58 cm) кружно тело и мала глава. Постигнуваат тежина од 1,3 кг. Перјата на телото се сиво-црни ишарани со бели точки. Како и кај останатите кошковидни видови, кај овој вид главата е без пердуви, во овој случај украсена со едноставен жолт или црвен коскен израсток, и црвено и сино обоени парчиња на кожа. Крилјата се куси и заоблени, а опашката е куса. Предложени се различни подвидови, при што разликите се претежно во раазличната големина облик и обоеност на шлемот и израстоците на лицето.

Поведение и екологија[уреди | уреди извор]

Пилиња со возрасна единка, Змејски планини, Јужна Африка

Станува збор за друштвен вид на птица, која образува јата надвор од сезоната на размножување и истите се состојат од 25 птици кои ноќеваат заедно. Бисерките се прилагодени да се хранат со големи количества на крлежи, кои во спротивно би ја ширеле лајмската болест.[4] Овие птици се копнени, и тие пртпочитаат да трчаат наместо да летаат кога се вознемирени. Како и повеќето друштвени птици, тие имаат куси краткотрајни летови и претпочитаат да едрат за да изминат подолги растојанија. Бисерките се одлични тркачи, и можатм да изминат и преку 10 км во еден ден. Овие птици испуштаат груби гласни тонови кога се вознемирени. Нивната исхрана се состои од ралична храна од животинско и растително потекло, семиња, овошки, зеленило, полжави, пајаци, црви и инсекти, жаби, гуштери, мали змии и мали цицачи. Бисерките имаат силни канчи со кои претаат воо почвата во потрага по храна на начин на кој тоа го прават кокошките, иако неретко знаат да одкоренат и цели растенија. Како ки кај сите видови на бисерки, тие немаат заден прст.

Бисерка во Зоо Скопје.

Мажјаците четопати покажуваат агресија кон други мажјаци, која доведува до крволочни борби при што мажјаците најчесто имаат повреди и крвави рани. Обидите себеси да се претстават застрашувачки е кога ги поткреваат нивните крилја одстрана нагоре и ги накоштренуваат пердувите по должина на телото, или пак се затрчуваат нанапред со отворен клун. Гнездото е добро сокриено, вообичаено издлабена дупка во која се снесуваат 6-12 јајца, кои женката ги квачи 26–28 денови. Гнездата кои содржат поголем број на јајца се користат од повеќе женки и можно е дел од јајцата да не се испилат поради неможноста една единка да ги квачи сите јајцља истовремено.

Домашните единки, се познати по тоа што несат јајца со подебели лушпи, кои целосно се распарчуваат при изведувањето, наместо да останат два поголеми делови и мали делчиња каде пилето отстранило дел од лушпата. Забележано е дека припитомените бисерки не се најдобри мајки, честопати знаат да ги напуштат своите гнезда. Пилињата се обоени замајувачки и брзиот раст на крилјата им овозможува да одлетаат до ниските гранки само една недела по изведувањето. Овие бисерки можат да живеат и до 12 години во дивината.

Размножување[уреди | уреди извор]

Бисерките се птици кои се размножуваат сезонски. Летото е периодот кога птиците активно се размножуваат и во овој период тестисите на мажјаците достигнуваат тежина од 1,6 g, но во зимата нема никаква активност. Нивото на тестостеронот во крвта е околу 5,37 ng/ml во периодот на сезоната за размножување.[5]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Глава на возрасна единка.

Се размножува, во доста суви и ливадски живеалишта низ кои има грмушки и дрвjа како што се саваните и земјоделското земјиште. Јата на бисерки се забележани во последните години во јужните предградија на Кејптаун, при што се навикнале да живеат во тие услови. Јата се движат пополека по должината на понепрометните приградски патишта, барајќи храна на со трева обраснатите тротоари и во градините каде ниските огради обезбедуваат птиците да не се чувствуваат одвоени од јатото. Најчесто ноќеваат на покривите на бунгаловите. Иако месните жители го ценат месниот див животински свет, тие можат да пречат во сообраќајот, и да прават голема бучава рано наутро. Нивниот успех се должи на животот на јато, при што се бранат од напади на мачки,не влегуваат во градини со кучиња, и се забележливи на прометните патишта покрај кои живеат. Иако многу од младенчињата паѓаат во одводите на канализацијата, а јатото ги остава нивниот број не се намалува значително. Возрасните едники понекогаш се ловат и се дел од исхраната на бездомниците.

Припитомување[уреди | уреди извор]

Бисерката честопати се припитомува, и токму овој вид се продава во западните земји.

Бисерката како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Кокошката и бисерката“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Numida meleagris. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Martínez, I.; Kirwan, G.M. „Helmeted Guineafowl (Numida meleagris)“. Handbook of the Birds of the World Alive. Lynx Edicions, Barcelona. Посетено на 13 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Gibbon, Guy. Roberts VII Multimedia Birds of Southern Africa (iPhone and iPad version 2.4. изд.). John Voelker Book Fund. Southern African Birding CC 2012–2016.
  4. Duffy, David Cameron; Downer, Randall; Brinkley, Christie (June 1992). „The effectiveness of Helmeted Guineafowl in the control of the deer tick, the vector of Lyme disease“ (PDF). The Wilson Bulletin. 104 (2): 342–345.
  5. Ali MZ, AS Qureshi, S Rehan, SZ Akbar and A Manzoor, 2015. Seasonal variations in histomorphology of testes and bursa, immune parameters and serum testosterone concentration in male guinea fowl (Numida meleagris). Pak Vet J, 35(1): 88-92
  6. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 127-128.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]