Бисера Чадловска
Бисера Чадловска е диригентка во Македонска опера и балет родена во 1978 година во Скопје.[1]
Образование
[уреди | уреди извор]Нижото и средно музичко училиште го завршува во СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје. Во 1996 година по завршувањето на средното музичко училиште се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Дипломира во 2001 година. По дипломирањето се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија во Софија.
Професионален ангажман
[уреди | уреди извор]По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригентка, ја добива својата прва премиера „Таен брак" од Доменико Чимароза, со која се отворило Скопското лето во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперска и балетска диригентка и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ.
Во репертоарор на Бисера Чадловска се наоѓаат дел од најпознатите и најкомплексни дела од оперската и балетска литература, оперите „Травијата", „Риголето", „Севилскиот бербер", „Кармен", „Волшебната флејта", „Лилјакот", „Кавалерија Рустикана", „Паљачи", „Моќта на судбината", „Свртување на штрафот", „Јованче и Марика", „Набуко", „Турандот", „Веселата вдовица", „Војвотката на чардашот", „Рита", кантатата "„армина бурана" и уште голем број други како и балетите „Жизел", „Есмералда", „Шехерезада", „Дон Кихот", „Лебедово езеро" и „Рајмонда".
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-04-22. Посетено на 2017-08-28.