Биро за варвари
Бирото за варвари (латински: scrinium barbarorum, грчки: σκρίνιον τῶν βαρβάρων, skrinion ton barbarōn), претставувал оддел во владата во Источното Римско Царство односно на Византија. Админситративната организација на царството за првпат е забележано во Notitia Dignitatum[1] документ кој се смета дека потекнува од V век, каде што бил во наделжност на magister officiorum. Односите со варварите (односно со страниците), протоколот и евиденција на сите прашања поврзани со нив биле регулирани со овој документ.[2] Бирото, исто така имало одредена улога во давање на услуги за преводи при посета од мисии од странски држави. J.B. Bury смета дека бирото вршело надзор над сите странци кој го посетувале Цариград и дека тие беа под надзор на Логотетот на царскиот двор.[3]
Некои автори сметаат дека дека Бирото за Варварите делувало како еден вид на разузнавачка служба на империја.[4] Сепак, нема докази дека Бирото претставувало разузнавачка служба, или дека ги преживеало реформите кои ги спровел царот Лав III (717-741), иако постои печат го носи името на човек со име, Петар, кој бил α'σπαθάριος καὶ ἐπί τῶν βαρβάρων ("протоспатар и задолжен за варвари"), кој датира во IX.[3] Некои сметаат дека во Римското Царство во VIII век во рамките на поштенскиот систем се собирани разузнавачки информации и дека таму биле најверојатно таму биле сконцентрирани царските разузнавачки служби, а не во Бирото за варварите.
Литература
[уреди | уреди извор]- ↑ Notitia Dignitatum е документ од кој ја покажува организацијата на администрацијата во Римското Царство. Тој претставува еден од ретките преживеани документи кој дава детали за управата и организацијата од Источната и на Западната империја, наведувајќи неколку илјади оддели/канцеларии започнувајќи од царскиот двор па сè до организацијата на провинцискко ниво. Се смета дека ја опишува организацијата на Западната империја во 420-тите и на Источната империја во 400-тите години. Сепак, треба да се каже дека точниот датум на издавање на овој документ не е познат.
- ↑ Otto Seeck, 'Notitia Dignitatum accedunt Notitia Urbis Constantinopolitanae Laterculi Prouinciarum' (Berlin, Apud Weidmannos 1876) pp 31-33.
- ↑ 3,0 3,1 J.B. Bury, The Imperial Administrative System in the Ninth Century (London, 1911), p. 93.
- ↑ Antonucci, Michael (1993). „War by Other Means: The Legacy of Byzantium“. History Today. 43 (2): 11–13. ISSN 0018-2753. Посетено на 2007-05-21.