Биргита Бремер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Биргита Бремер (родена на 17 јануари 1950 година) — шведски ботаничар и академик, професор на Универзитетот во Стокхолм и директор на ботаничката градина Бергиус .[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Професорката Бремер докторирала ботаника во 1980 година на Универзитетот во Стокхолм, со тезата „Таксономија на мов од родот Шистидиум“.[2]

Во 1981 година била назначена за Доцент на Универзитетот во Стокхолм; 1983-1990 година била инструктор по систематика.

Помеѓу 1990 и 2000 година била инструктор по систематска ботаника ; во 2000-2001 година служела како декан на одделот за систематика; 2000-2004 година - професор по растителна молекуларна систематика.

Од 2002 година е директор на Фондот Бергиус и директор на Ботаничка градина.[3] Од 2004 година е професор по систематика на Универзитетот Стокхолм.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Таа е омажена за д-р Кор Бремер и имаат две деца.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

На 11 февруари 2009 година, професор Бремер, била избрана за член на Кралската шведска академија на науките ( Kungliga Vetenskapsakademien, KVA).[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Harvard University Herbaria & Libraries“.
  2. Taxonomy of Schistidium
  3. „Birgitta Bremer - Bergius Botanic Garden“. Архивирано од изворникот на 2019-02-07. Посетено на 2020-10-05.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 2020-10-05.