Биоково
| Биоково | |
|---|---|
Биоково, поглед од Тучепи | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1,762 м |
| Координати | 43°20′N 17°03′E / 43.333°N 17.050°E |
| Географија | |
| Место | Далмација, Хрватска |
| Геологија | |
| Вид | Варовник |
| Искачување | |
| Најлесен пат | по пат |
Биоково е втора планина според големина во Република Хрватска. Планината се наоѓа на брегот на Јадранското Море во Сплитско-далматинската жупанија, над Макарска.
Се простира од влевањето на реката Цетина до реката Неретва. Најголем врв на оваа планина е врвот Свети Јура (Свети Ѓорѓе) кој е висок околу 1762 метри.[1] Тој се наставува на врвовите Сусвид (1.155 м) и Рилиќ (836 м) кои претставуваат делови од Биосковскиот венец. На врвот Свети Јура се наоѓа ТВ кула на Свети Јура. До врвот води асфалтен пат.
Планината во главно е гола и кршевита, а пониските страни се покриени со ретки шуми. Дел од планината, односно површина од 196кm², е заштитен парк на природата.[2]
Кога времето е добро од врвот на планината може да се гледа Апенинскиот Полуостров.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Geographical and meteorological data“ (PDF). Statistical Yearbook. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-03. Посетено на 2011-06-01.
- ↑ Biokovo park prirode - nature park
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слики на планината (хрватски)(англиски)
- Биоково at the Croatian Mountaineering Association (хрватски)
