Биметал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Принцип на работа на биметален елемент. Нееднакво топлинско ширење на различни ковини доведува до деформација на спојот.
Шема на топломер со биметална намотка. Зголемена температура го поместува индикаторот (стрелка) на скалата заради истегнување на биметалниот спој.

Биметал или биметален елемент – елемент кој се состои од две различни ковини споени така да образуваат плочка, намотка или завојница, а се користи за регулација на температура. Ковините мора да имаат различни коефициенти на топлинско ширење така што промената на температурата го деформира оригиналниот облик.

Биметален топломер се добива ако на биметалот му се додаде скала и индикатор, а биметален термостат ако на биметалот му се додадат електрични контакти.

Биметалниот термостат често се користи за регулација на температура, на пример во пеглите, печките и сл. Зависно од градбата, повишената температура може да го отвори или затвори електричниот контакт.

Треба да се напомене дека биметалниот елемент може и индиректно да активира реле или друг елемент, за разлика од директната акција преку електрични контакти. Индиректна акција се користи при вклучување/исклучување на уреди со поголема моќност.

Примери на функционирање[уреди | уреди извор]

Кај пеглата или греалката, на почетокот струјата може да поминува низ биметалниот елемент. Кога е постигната потребната работна температура, биметалот се деформира до таа мера да го прекинува струјниот круг. По пад на температура, биметалот се исправа и повторно го затвора струјното коло, односно го вклучува грејачот. На овој начин се постигнува (малку груба) контрола на температурата на работната точка.

Кај ладилникот, акцијата е обратна, повисока температура ги затвора контактите на пумпата за ладење. Ладењето е вклучено сè додека температурата не падне на пониска нагодена температура.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]