Билјана Станковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Билјана Станковска
Роден(а)20 јануари 1951
Дубровница, Македонија
НационалностМакедонка
Познат(а) попоезија, раскази, романи

Билјана Станковска (Дубровница, 20 јануари 1951) — македонска поетеса, раскажувач, писател за деца.[1][2] Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово. Член на ДПМ од 1994 година. Нејзината поезија и раскази се застапени во повеќе антологии. Преведена е на англиски, француски, кинески, српски, словенечки, бугарски и украински јазик.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Билјана Станковска е автор на поетските книги[2][1]:

  • Ограничен простор, 1986
  • Светлооко небо, 1990
  • Миг за пресоздавање, 1995
  • Светлиот пат, 1996
  • Сказни и сторенија за поколенија, 1999
  • Реставрација на светлината, 2009

Како и следните раскази, драми и романи[1]:

  • Заробен сон, раскази, 1993
  • Стрес или погрешна нота; тв драма, 1994
  • Разговорливи ветрови, роман, 2001
  • Лето значајно како изгрев, роман за деца, 1999
  • Мед и ѕвезди, драмска трилогија, 2006
  • Замисли желба, роман, 2008
  • Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните, роман за деца, 2011
  • Сега сè е поинаку, збирка раскази, 2014
  • Кога ветровите стивнуваат, роман, 2015
  • Кој ги краде соништата, роман за деца, 2016
  • Плетачката на тантели[3], роман, 2021
  • Детелинки белинки[4], збирка современи бајки, 2022. Во збирката е застапена со бајката „Авантурите на едно мракче“

Награди[уреди | уреди извор]

  • „Даница Ручигај“ - најдобра поетска збирка за 2020 година
  • „Ванчо Николески“ - најдобра детска книга за 2011 година за романот „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (кој е и дел од лектирната литература во основното образование)
  • Награда за ТВ драма на конкурсот на МТВ за „Стрес или погрешна нота";1994 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Билјана Станковска“. GoodReads. Посетено на 31 јули 2022.
  2. 2,0 2,1 Современа македонска поезија. НИД „Микена“ - Битола. 2008. стр. 584. ISBN 978-9989-55-155-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)
  3. Умно.мк, од (2021-11-14). „„Плетачката на тантели" – нов роман на Билјана Станковска - УМНО.МК“. Посетено на 2023-12-19.
  4. Умно.мк, од (2023-02-15). „Новите генерации добија нови современи бајки со „Детелинки белинки" - УМНО.МК“. Посетено на 2023-12-19.