Прејди на содржината

Билјана Димовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
М-р Билјана Димовска
Роден(а)Битола, СР Македонија во 1978
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанрови Класична музика
Занимањапијанистка, музичар, педагог
Инструментипијано

М-р Билјана Димовска - музичар, пијанистка, педагог од Битола родена во .1978 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

М-р Билјана Димовска завршила Државно Музичко училиште – Битола.

Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор м-р Тодор Светиев.[1]

Музичка дејност

[уреди | уреди извор]

Настапува на солистички и на многубројни симфониски и камерни концерти.

Нејзиното пијано музицирање, како солист е со најппозитивно апсолвирано влијание од нејзиниот професор, истакнатиот македонски пијанист Тодор Светиев: со чиста тонска градација, точна и хармонска „полифоничност“, лирско ненаметлива, емотивно истакната. Во состав на камерно или оркестрирано музицирање се истакнува со изнивелирано, прецизно тонскорисуство со кое инспиративно ја комплетира цевкупната музичка структура.

Педагошката дејност

[уреди | уреди извор]

Педагошката дејност ја започнува од 2000 год. во Државното Музичко училиште – Битола, а нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди. Учествувала на повеќе семинари и мастеркласи кај еминентни светски пијанисти. [5]

Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди. Добитник е на I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах” и Специјалната награда „ Стефан Трајанов” на истиот натпревар. [6]

  1. ↑ Златна лира 2024: Концерт на ПИЈАНО ДУО: Татјана Божиновска и Билјана Димовска
  2. ↑ Билјана Димовска
  3. ↑ Концерт на дуо пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска
  4. ↑ Музиката раскажа приказни со Татјана Божиновска и Билјана Димовска
  5. ↑ ментори проф. д-р Татјана Божиновска, проф.м-р Билјана Димовска
  6. ↑ „проф.м-р Билјана Димовска“. Архивирано од изворникот на 2025-03-01. Посетено на 2025-01-22.