Билтен (КПЈ Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Билтен (Скопје, јануари-април 1942) бил орган на ПК на КПЈ за Македонија, на македонски јазик. Објавени се само два броја. Првиот број (јануари-февруари) бил печатен на техниката на ПК, а вториот број (март-април) во Печатницата „Гоце Делчев“. Уредник и автор на написите бил Кочо Рацин. Написите информираат за политичката и за воената состојба во светот, со посебна нагласкта на борбите на Црвената армија, состојбите во окупирана Македонија и борбата против фашизмот во светот, во Југославија и во Македонија. Во вториот број е објавен и првомајски проглас, за обраќање и до тогашните македонски партизани: „Вие први со оружје в раце ја поврзавте борбата на македонскиот со оружената борба на другите поробени народи против фашизмот... Нека нашата смела оружена борба се распали до степенот на општа оружена борба за изгонување на окупаторите на Македонија!“

Литература[уреди | уреди извор]