Билтен (ГШ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Билтен (Скопје, август-септември 1943) бил орган на Поверенството на ГШ на НОВ и ПОМ за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик. Објавени се неколку броја, а сочувани се само првите два броја. Негов главен уредник бил Кузман Јосифовски Питу. Меѓу другото, во првиот број е објавена и хроника на дејствувањето на една партизанска единица во Тиквешијата, а во вториот број се соопштува и за убиството на ваташките младинци.

Литература[уреди | уреди извор]