Билијард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Билијард, исто така познат како џебен билијард (најчесто во Северна Америја) или билијард (најчесто во Европа и Австралија), е семејство од спортови и игри со стап и топчиња во повеќе бои, се игра на маса и има шест контејнери наречени џебови во аглите и на средина на ивицитете, во кои топките се депонираат, тоа е целта на играта. Исто така се нарекува и шест-џебен. Постојат стотици видови билијард. Некои се играат со по осум топки (и варијантната црна топка), девет топки (со варијантните десет и седум), директен билијард (14.1 продолжување), еден џеб и банкарски билијард. Постојат и хибриди користејки карактеристики од биијард и каром билијард, како Американски билијард со четири топки, каубојски билијард и билијард со шишиња.

Историја[уреди | уреди извор]

Билијардот има долга и богата историја која се протега од почетокот на 15 век. Во 1586 година телото на шкотската кралица Марија Стјуарт било завиткано во платното од нејзината маса за билијард. Вилијам Шекспир во драмата „Антонио и Клеопатра“ го употребил изразот: „Ајде на билијард“. Најпознатите љубители на билијард биле и Волфганг Амадеус Моцарт, Абрахам Линколн, Луј XIV, кралот на Франција, Марија Антоанета, Марк Твен, Џорџ Вашингтон, Наполеон I Бонапарта, Чарлс Дикенс, Луис Керол и многу други.