Големото стапало

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бигфут)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Замислен изглед на Бигфут

Големото стапало, Бигфут (англиски: Bigfoot), а исто така познато и под името Сасквоч или Сасквач (Sasquatch), е големо мајмунолико суштество кое наводно талка во дивините во Соединетите Американски Држави и Канада, особено околу Големите езера, Тихиот океан, Карпестите планини, на северозападот и на југот на САД.

Име[уреди | уреди извор]

Бигфут го забележале уште и американските Индијанци на западнот брег на Северна Америка, во претколумбовското време. Индијанскиот називи за тоа суштество се разликувало од плене до племе. Така припадниците на племето Лум Бигфут го нарекувале „Цемеквес (Тs'emekves), племињата кои живееле околу планината Ст. Хелен го нарекувале „Скоком“ (Sкооcооm), а најпознато индијанско име е „Сасквоч“ (Sasquatch) кое го измислиле припадниците на племето Халкомелем. Во индијанските приказни Бигфут е опасен ханибал кој ги тероризира селата.

Опис[уреди | уреди извор]

Бигфут се опишува како човеколико суштество обраснато со влакна, со силно торзо и височина од 2—3 метри. Главата му е мала и заострена кон врвот, нема истакнат врат и чело. Очите му се мали, а над нив се наоѓа силен коскен гребен. Влакната му се релативно меки и кадрави, потемни кај помладите примероци, а поцрвенести кај постарите. Суштеството има карактеристични големи стапала (англиски јазик |Bigfoot), чији отпечатоци се со големина до четириесет сантиметри.[1]

Средби[уреди | уреди извор]

Првиот и посилен доказ за неговото постоење го пронашол Ерик Шиптон во 1951 година. Тоа бил отпечаток за кој тој сметал дека припаѓа на Јети, дивиот човек од Хималаите. Најпознатиот и најсилен доказ за неговото постоење е филмот кој го снимиле трагачите на Бигфут, Роџер Патерсон и Роберт Гимлин на 20 октомври 1961 година во Блаф Крик во Калифорнија. Таа снимка и денес е предмет на различни расправи.[2][3] Предложени се разни видови на животни за да се објаснат видувањата на Бигфут, но ниту едно тврдење не е докажано. Криптозоолозите Бигфут го објаснуваат како неоткриен вид на мајмуни, а некои кои веруваат во Бигфут го објаснуваат со различни паранормални феномени.[4] Научни заедници го отфрлаат постојењето на Бигфут, бидејќи нема докази за постоење на било какво слично суштество. Постојат неколку организации кои се посветени за фаќање на Бигфут во Соединетите Американски Држави.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. McEwan, Karl S. стр. 263.
  2. Earls, Stephanie. „Bigfoot hunting“. Архивирано од изворникот на 29. 01. 2010. конс. 2. 1. 2010.. 
  3. Sasquatch“. Encyclopædia Britannica. (2008).
  4. Boston, Rob (децембар 2003). „Scenes from a Bigfoot Conference“. Skeptical Inquirer. конс. 19. 8. 2008.. 
  5. Coleman 2003, стр. 233.
  6. „BFRO Animal Planet“. Discovery Communications, LLC. конс. 24. 1. 2014.. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]