Бигла (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бигла Планина)
За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница
Бигла
планина
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Голем Камен
 - височина 1.656 м

Бигла — средновисока планина што претставува природно продолжение на Илинска и Плакенска Планина. Има динарски правец на протегање сз–ји во должина од 16 км.[1] На запад е ограничена со Ресенско Поле и долината на Голема Река, на исток со долините на Шемница и Боишка Река, а на југ со превалот Ѓавато (1.167 м) е одвоена од планината Пелистер. Во овие граници зафаќа површина од 179 км2. Има седум врвови повисоки од 1.500 м, а највисок е Црн Врв (1.935 м)[2], кој се наоѓа во крајниот северозападен дел. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, гранитоиди и тријаски конгломерати. Геолошкиот состав, климатските одлики и големата пошуменост условиле појава на кратки водотеци.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
  2. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 108. Посетено на 16 јануари 2024.
  3. Земјоделско-шумарски факултет (1970). Годишен зборник: Annuaire. Sylviculture. Шумарство. Универзитет во Скопје.