Библиотека „Хафиз Ахмед-ага“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Библиотеката „Хафиз Ахмед-ага“ ― важна историска отоманска зграда во средновековниот град Родос во Грција, место кое е светско наследство на УНЕСКО. Библиотеката била основана од Хафиз Ахмед-ага во 1793 година.

Хафиз Ахмед-ага е роден во селото Асгуру (турски: Узгур Кеју), 3. км на југ од денешното средиште на градот Родос, во средината на 18 век во богато, основано отоманско семејство. Тој се образувал во Султанскиот двор, а подоцна станал главен воен на султанот. Тој се пензионирал во 1789 година, но бил повторно активиран и станал член на редовните делегации кои патувале во Мека со годишните подароци на султанот на шерифот на Мека. Починал на такво патување извесно време помеѓу 1800-1802 година.

Тој ја основал оваа библиотека за писмената публика на неговиот роден град со 1995 ракописи од целиот опсег на исламската наука во 1793 година. Установата станала средиште на учење. Хафиз Ахмед-ага им плаќал на библиотекарите и за учење на арапскиот јазик, кој бил неопходен за читање на текстовите.

Во моментов во библиотеката има 1256 ракописи. Меѓу највредните предмети е Куранот од 1540 година, историјата на турската опсада на градот во 1522 година и ракописи со персиски минијатури. На ѕидовите на градот има стари карти и гравури.

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Davies, Paul Harcourt. Rhodes.
  • Mavromataki (ed), Maria. Rhodes. Athens: Haitalis.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Информативни табели во библиотеката Хафиз Ахмед-ага, Родос

36°26′37″N 28°13′26″E / 36.4437° СГШ; 28.2239° ИГД / 36.4437; 28.2239