Библиотека „Трифун Димиќ”
| Библиотека „Трифун Димић” | |
![]() | |
| Земја | Србија |
|---|---|
| Тип | јавна библиотека |
| Основана | 2010 |
| Место | Прва улица бр. 15, Нови Сад |
| Огранок на | Градска библиотека во Нови Сад |
| Службена страница | gbns.rs/ogranci/grad/trifun-dimic |
| Карта | |
Библиотеката „Трифун Димиќ“ ― огранок на Градската библиотека во Нови Сад. Била основана во мај 2010 година како „прва ромска библиотека на Балканот“.[1] Се наоѓа во новосадската населба Шангај на Првата улица бр. 15. Името го носи по големиот ромолог, преведувач и писател Трифун Димиќ.[2]
За библиотеката
[уреди | уреди извор]Библиотеката се простира на 150 м2. Има две простории: библиотека и читална со седум маси и 40 столчиња. Во библиотечниот фонд има 6.550 публикации. Меѓу книгите на српски јазик, има мал број публикации на унгарски и англиски јазик. Книгата објавена на ромски јазик е во 349 примероци. Подружницата на библиотеката „Трифун Димиќ“ има сметач и интернет.[1]
Бројот на корисници кои се запишани во библиотеката е околу 400, меѓу кои пред се има основци, но и ученици Роми кои го користат книжниот фонд на ромски јазик, потоа претставници од невладиниот сектор, како и полнолетни граѓани.[2]
Библиотечни активности и проекти
[уреди | уреди извор]Покрај својата основна дејност, оваа библиотека организирала и бесплатна работилница „Вклучи сметач и научи“, како и бесплатен курс по англиски јазик.[3]
Огранокот е многу специфичен, бидејќи се занимава со инклузивна работа. Нагласокот е ставен на активностите и проектите:
- функционална писменост на деца и возрасни;
- помош во процесот на усвојување хигиенски навики;
- домашна работа;
- помош во учењето на обука за работа на возрасни (проектот Преплетувања им овозможил на Ромките да направат чекор поблиску до независноста и самовработувањето со совладување на вештината на ткаење).[1]
Во соработка со наставниот кадар на основното училиште во населбата Шангај, организирани биле различни активности во насока на образование на децата, како што се претставување на ромските автори, и доближување на ромската книжевност до децата.[4]
Децата учествуваат на работилници на теми: книжевност, улогата на формалното и неформалното образование, добро однесување, насилство во училиште и семејство, професионална ориентација, хигиена на телото и просторот за живеење, заштита на животната средина, однесувањето на децата во сообраќајот, односот на децата кон возрасните, правилна исхрана и друго. Посебно внимание се посветува на борбата против дискриминацијата и насилството врз жените и во семејството.[1]
Благодарение на дарувањата, библиотеката на децата им дели по 25 оброци секој ден. За некои од децата тоа е единствениот зготвен оброк во текот на денот.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „"ТРИФУН ДИМИЋ" (Шангај)“. gbns.rs. Посетено на 3 април 2022.
- 1 2 „Младе читалачке генерације долазе по знање и загрљај“. dnevnik.rs. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ „U Šangaju otvorena prva romska biblioteka u Srbiji“. danas.rs. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ „Због библиотекарке Драгане, деца у Шангају воле књигу“. dnevnik.rs. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ „I biblioteka i drugi dom“. rts.rs. Посетено на 3 април 2022.
