Библиотека „Иван Вазов“ (Ботевград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Библиотеката „Иван Вазов“, Ботевград.

Библиотеката „Иван Вазов“ (бугарски: Библиотека „Иван Вазов“) ― библиотека во читалиштето „Христо Ботев 1884“ која е современа образовна установа во гратчето Ботевград, Бугарија. Библиотеката собира, обработува и складира различни библиотечни збирки, ги нуди своите ресурси бесплатно, им служи на читателите, обезбедува библиографски референтни услуги, врши организациски и методички функции на територијата на Општина Ботевград. Библиотеката се занимава со подигање на образовното ниво, долгорочно учење, информативноста, квалитетот на животот, социјалната интеграција и проширување на електронскиот пристап до информации.

Историја на библиотеката „Иван Вазов“[уреди | уреди извор]

Библиотеката „Иван Вазов“, Ботевград била основана во 1883 година со пуштањето во употреба на Читалиштето „Напредок“ (бугарски: Напредък). Првичната збирка книги се состоela од 800 тома, донирани од месното население на Ботевград, потоа наречено Орхание.

Организираната библиотечна дејност започнала уште во 1924 година, кога во новоотворената зграда на средиштето на заедницата била обезбедена специјализирана просторија.[1]

Во 1973 година библиотеката била преместена во новата зграда на читалиштето „Христо Ботев“. Во тоа време, нејзината збирка книги се состоела од 45 000 тома.

На 17 септември 1981 година била отворена нова зграда посебно за библиотеката „Иван Вазов“ во средиштето на Ботевград.

Од 2017 година, библиотеката содржи повеќе од 84.900 тома книги, периодични изданија, аудиовизуелни документи, графички слики, музички партитури и други. Опслужува 2.000 постојани читатели, позајмува 48.000 библиотечни документи годишно и се посетува 26.000 пати годишно.

На читателите на библиотеката им се нуди пристап до три одделенија: Одделение за позајмување до возрасни, Одделение за деца и Референтен, библиографски и информативен оддел. Сите три одделенија нудат интернет врска.[2]

Од 2003 година започнала автоматизација на главните библиотечни постапки. Библиотеката одржува интегриран библиотечен информациски систем „E-Lib“.

Во 2007 година, библиотеката отворила специјализирана читална за студентите од Меѓународната деловна школа, Ботевград.

На 2 декември 2010 година, Библиотеката „Иван Вазов“, Ботевград добила сметачка и опрема за презентација како донација од НВО „Глобални библиотеки“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. History of "Hristo Botev 1884" Community Center, Botevgrad
  2. Webpage about "Ivan Vazov" Library, Website of the "Hristo Botev 1884" Community Center, Botevgrad