Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Библиотека „Браќа Миладиновци“
Општи податоци
ГрадРадовиш
ЗемјаМакедонија

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш била формирана во 1957 година. Денес располага со книжен фонд од околу 45 000 примероци. Библиотеката е целосно реновирана и модернизирана во 2006 година. Формирана е класична читална, читална за перодика, компјутерски центар опремен со седум терминали, скенер, печатари црно-бел и во боја, фотокопир, мултимедијално катче кое на корисниците им овозможува постоечката опрема да ја користат за да слушаат музика, да гледаат филмови и да користат мултимедијални публикации со помош на слушалки.[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Библиотеката била формирана во 1957 година. Иницијатор за формирањето бил Мориц Романо кој во тој период бил на висока партиска функција во тогашната Штипска Околија со седиште во Штип. Библиотеката била со скромен книжен фонд од околу 500 книги, сместена во приватна куќа на ул „Маршал Тито“.

На почетокот таа била под надлежност на тогашниот Народен Одбор на општина Радовиш. Прв библиотекар кој се вработил во библиотеката бил Ацо Караманов(Шлинтата).

Со формирањето на работничкиот универзитет „Киро Донев“ - Радовиш во 1962 година, библиотеката влегува во негов состав. Додека била во составот на РУ „Киро Донев“ библиотеката била со име Градска библиотека. Од составот на РУ „Киро Донев“ се одвоила во 1992 година кога го добила и името „Брака Миладиновци“. Предлогот библиотеката да го носи името “Брака Миладиновци“ бил на Петар Трајанов сегашен директор на библиотеката чиј предлог бил подржан и од вработените во библиотеката. По одвојувањето од составот на РУ „Киро Донев“ - Радовиш во 1992 година па до денес таа е самостоен правен субјект.

Најсветла дата во историјата на библиотеката била 20 април 2006 година, кога започнала нејзината целосна реконструкција, адаптација и модернизација и 6 септември 2006 година кога се пуштила во употреба новата современа и модернизирана библиотека. Реконструкцијата и модернизацијата на библитеката „Брака Миладиновци“ била подржана со проектот „Пријателски библиотеки за сите грагани“ со Програмата за развој на Обидинетите Нации (УНДП) финансирана од Кралството Норвешка. Вкупната вредност на донацијата изнесувала 72 000 долари. Модернизацијата и адаптацијата на библиотеката ја помогнало и локалната самоуправа во Радовиш со 10 000 долари и со доделување на 130 м² нова станбена површина на трајно користње на библиотеката.

Организација[уреди | уреди извор]

  • Информативно-позајмно одделение
  • Детски оддел
  • Оддел за возрасни
  • Роднокраен оддел
  • Периодика
  • Стручна обработка
  • Компјутерски центар

Книжен фонд[уреди | уреди извор]

На слободен пристап на корисниците на библиотеката им е достапен книжен фонд од околу 45 000 примероци. Библиотеката има и образовен карактер па се набавуваат и образовни и стручни публикации и книги на странски јазици.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]