Библиотека за наследство на биолошката разновидност за Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на проектот БХЛ-Европа

Библиотеката за наследство на биолошката разновидност за Европа (БХЛ-Европа) претставува тригодишен проект на ЕУ (2009 – 2012 година) насочен кон дигитализацијата на литературата за биоразновидноста. Во него биле вклучени 28 големи музеи за природонаука, ботанички градини, библиотеки и други европски институции. БХЛ-Европа била основана во Берлин во мај 2009 година и се сметала себеси за европски партнер на проектот Библиотека за биоразновидното наследство (БХЛ), кој бил основан во 2005 година и првично бил создаден од десет (од 2009 година, дванаесет) библиотеки на САД и Обединетото Кралство.

БХЛ-Европа претставувала мрежа за најдобри практики. Важни компоненти на мрежата биле дигитализација и создавање соодветна инфраструктура, како и консолидација на разни европски проекти за дигитализација под заеднички централизиран и повеќејазичен портал БХЛ. Целта била да се направи достапна дигитализираната литература под лиценците Отворен пристап и Криејтив комонс и да се подобри нејзината пребарливост (со користење на OCR).

БХЛ-Европа исто така била одговорна за создавање структури за долгорочно чување на дигитални информации (трајност на дигиталните податоци).

Состав на БХЛ-Европа[уреди | уреди извор]

Следните 28 институции во мај 2009 година во Берлин имале улога на членки-основачи на конзорциумот на БХЛ-Европа:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]