Национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“ - Софија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“
Карта
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија

Национална библиотека Свети Кирил и Методиј или НБКМ (бугарски: Национална библиотека „Св. св. Кирил и Методий“) — национална библиотека на Бугарија, сместена во градот Софија, Бугарија. Оваа библиотека е национална на целата земја, најстар културен институт кој бил создаден по ослободувањето на Бугарија во 1878 година, како и најголема во земјата.

Библиотеката се наоѓа веднаш до Софискиот универзитет.

Историја[уреди | уреди извор]

Старата зграда на библиотеката во 1910

Историјата околу создавањето на библиотеката започнува на 10 декември 1878 година, кога по идејата софискиот учител Михаил Буботинов била создадена комисија чиј претседател станал Марин Дринов. Така, на 17 јуни 1879 година библиотеката била основана како Бугарска народна библиотека. Во текот на нејзината историја, таа на неколкупати била проширувана, но и рушена, посебно по бомбардирањето на Софија во 1944 година. Новата зграда била направена по крајот на Втората светска војна, односно на 16 декември 1953 година.

Денес, библиотеката дава повеќе услуги на своите клиенти, како користење на нејзините матреијали, интернет и копирање. Таа своите материјали не ги дава на своите клиенти, доколку не е договорено поинаку.

Координати: 42°41′41″N 23°20′10″E / 42.69472° СГШ; 23.33611° ИГД / 42.69472; 23.33611