Библиотека Јагелонска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Библиотека Јагелонска (полски: Biblioteka Jagiellońska) е главната библиотека на Јагелонскиот Универзитет која заедно со Медицинската Библиотека Колегиум Медикум и другите помали библиотеки е во состав на информативниот систем на Јагелонскиот Универзитет во Краков. Библиотеката е една од најголемите во Полска.

Библиотечниот фонд во 2006 година изнесуваше 5,961 807. Библиотката има сопствена колекција на стари ракописи. Задача на библиотеката е и документацијата и средувањето на нелегалните текстови од времето на социализмот.

Историја[уреди]

Историјата на библиотеката е директно поврзана со историјата на Јагелонскиот Универзитет, па од таму за датум на нејзино основање се смета 1364 година. До денес се зачувани кодексите користени во XIV век. Долг период даровите од професореите и учениците библиотеката ги собираше во посебни оддели и колегиуми. Најголемиот дел од нив, пред се од областа на теологијата и слободните уметности, се наоѓање во Колегиум Мајус. Таму исто така по реновирањето во XV и XVI век библиотеката доби посебни соби. До 1940 година зградата Колегиум Мајус беше седиште на Јагелонската Библиотека.

Во XVI фондот на библиотеката постојано се зголемуваше се до XVII и XVIII век кога се појави криза. На спас на библиотеката и на универзитетот им дојде Хугон Колонтај од Народната Комисија за Образование. По негова иницијатива целиот фонд на библиотеката беше собран на едно место и библиотеката пеше претворена во јавна и универзитетска. Исто така на библиотеката и беше доделена парична помош за одржување на фондот од 1926 ракописи и 32 000 книги во тоа време.

Периодот на поделбата на Полска не беше добар ни за библиотеката. Но и покрај тоа се успеа да се доградат нови простории и да се уреди библиотечниот фонд. Подемот на библиотеката во XIX и XX век е заслуга на Карол Естрајхер, творецот на Полската Библиографија, кој се грижеше пред се за зголемување на бројот на книги на полски јазик.

Надворешни врски[уреди]