Беџ (хералдика)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Таканареченото «Перје на Принцот од Велс», беџот на Принцот од Велс.
Тјудорската роза како беџ на династијата Тјудори

Во хералдиката, беџ претставува амблем или лично обележје кое означува припадност кон или сопственост на некој поединец или семејство.

Физичките беџови биле честа појава во Средниот век, особено во Англија. Тие биле изработени од метал и се носеле на облеката од страна на следбениците на некое лице. Се носеле како во битка, така и по други поводи каде требало да се прикаже верност или припадност кон некому. Беџот бил везен или пришиван на бајраците (стандардите), коњската опрема, ливреите (униформите), и други предмети.

Употреба во средновековието[уреди]

Настанок[уреди]

Стандард на Хенри Стафорд, Втор Војвода од Бакингем, околу 1475. На него се гледа стафордски јазол и Бунски беџови со лебеди.

Во XIV, XV и XVI век, славни беџови носеле следбеници, следбеници, слуги и поддржувачи прочуени и моќни личности и семејства, токму поради тоа што тие биле познати и јасни. (За разлика од тоа, грбот го користел само поединецот кому му припаѓал.)

Беџовите понекогаш се преземаат од некоја фигура од грбот на лицето, или пак на некој воочлив начин се однесуваат на тие фигури. Уште почесто беџовите претставувале потсетник за некој исклучителен подвиг, семејна или феудална припадност, или пак означувале некакви територијални права или претензии. Некои беџови се всушност ребуси, со каламбури или игри на зборови означувајќи го името на сопственикот.

Во тие времиња неретко се случувало едно исто лице или семејство да користи повеќе беџови; покрај ова, два или повеќе беџа често пати се носеле во комбинација, и сочинувале едно посложено обележје.




Возобнова[уреди]

По завршетокот на Средниот век, со промената на општествените прилики хералдичките беџови престанеле да се користат. Многу векови подоцна, во 1906 г., хералдичкиот крал Алфред Скот-Гати направил напори за беџот да се врати во Колегијатот на грбови, и оттогаш беџовите се доделуваат покрај самиот грб. Беџот се смета за дополнување по избор на клиентот, и се плаќа дополнително. Доделениот беџ се илустрира на матрикулата со доделениот грб, како и на стандардот (знамето).[1]

Наводи[уреди]