Натпреварот се состоел од прелиминарна фаза со тоа што секоја екипа се натпреварувала со останатите еднаш, вкупно седум натпревари. Најдобрите четири екипи на крајот од оваа рунда се пласирале во фазата која водела кон освојување на медали. Финалната фаза се состоела од две полуфинални натпревари. Поразените екипи од полуфиналето се натпреварувале за бронзен медал додека победниците за златен медал.