Беше еднаш во Анадолија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Беше еднаш во Анадолија“
РежисерНури Билге Цејлан
ПродуцентЗејнеп Озбатур Атакан
СценаристНури Билге Цејлан
Ercan Kesal
Ебру Цејлан
НастапуваатМухамет Узнер
Јилмаз Ердоган
Танер Бирсел
КинематографијаГокан Тирјаки
МонтажаБора Гексингол
Нури Билге Цејлан
СтудиоЗејно Филм
ДистрибутерКино еснаф
ПремиераПредлошка:Премиера
Времетраење157 минути
ДржаваТурција
Босна и Херцеговина
Јазиктурски

Беше еднаш во Анадолија (турски: Bir Zamanlar Anadolu’da) е турско-босански филм, драма од 2011 година, во режија на Нури Билге Цејлан. Сценариото е во коавторство со Еркан Кесал и Ебру Цејлан. Главните улоги ги играат: Мухамет Узнер, Јилмаз Ердоган и Танер Бирсел[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Во центарот на заплетот на филмот се наоѓаат истражител, обвинител и судски лекар кои трагаат по труп во ретко населено место во Анадолија[2]. Група полицајци, предводени од комесарот Наџи, го пребаруваат труп на одреден Јашар, во три автомобили низ степите на Анадолија. Тие се придружени од обвинителот Нусрет и д-р Жемал. Осомничениот Кенан, кој го признал убиството, морал да покаже каде се наоѓа телото, но, тој не можел точно да се сети, ниедно место на кое го бараат трупот не е истото. Постепено групата се оддалечува од градот, ноќта наскоро ќе пристигне, а ситуацијата е таква во која се разоткриваат најразлични теми, сместени во пустиот осамен крај[3],[4]

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]