Бетонски блок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палета со бетонски блокови
Бетонски ѕидарски блокови
Зграда изградена од бетонски блокови

Бетонски блок е вид на ѕидарски блок со четириаголна форма и стандардна величина што се користи во градежништвото.[1] Најчесто се користи за ѕидање на внатрешни преградни ѕидови во подрумски простории, надворешни ѕидови за ограда како и за ѕидање на надворешни помошни објекти.

Состав[уреди | уреди извор]

Бетонските блокови се прават од лиен бетон (на пр. Портланд цемент и агрегат). Како агрегат за правење на овие блокови служат порозни материјали: природен, топилнички или синтетизиран „пловечки камен“ (пловучар), дробена вулканска или топилничка згура, експандирана глина или шкрилец и др.[2]

Големини и структура[уреди | уреди извор]

За изведба на ѕидови од бетонски блокови се употребуваат префабрикувани шупливи или порозни блокови од различна големина.[2] Бетонските блокови може да се произведуваат со шупливи центри (јадра) за да се намали тежината, да се подобри изолацијата или за да се направи меѓусебно поврзана празнина (шуплина) во која може да се истури бетон за да се зацврсти целиот ѕид откако ќе се изгради. Се произведуваат со разлилчни дебелина од 7 до 39 см. Можат да бидат со жлеб или без него.[2]

Употреба[уреди | уреди извор]

Бетонски преградни ѕидови може да се прават лиени на лице место со еднострана или двострана оплата или префабрикувани панели, блокови и др. Овие ѕидови поради своите лоши топлински и звучни својства поретко се употребуваат во станбени простории, а почесто во визби, скалишта или бањи и др.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Concrete Masonry“. ncma.org. Архивирано од изворникот на 2019-02-13. Посетено на 2019-02-12.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Јосифовска, Ружица; Стефановска, Соња (2013). Градежни материјали и конструкции за II година градежно-геодетска струка (PDF). Скопје. стр. 138. ISBN 978-608-226-345-8.