Бетмен (филм од 2022)
| Бетмен (филм од 2022) | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Мет Ривс |
| Продуцент |
|
| Сценарист |
|
| Заснован на | ликови од DC |
| Главни улоги | |
| Музика | Мајкл Џакино |
| Кинематографија | Грег Фрејзер |
| Монтажа |
|
| Студио |
|
| Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
| Премиера | 4 март 2022 г. (САД) 3 март 2022 г. (Македонија) |
| Времетраење | 176 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 185 — 200 милиони долари[1][2] |
| Бруто-заработка | 772,3 милиони долари |
Бетмен (англиски: The Batman) — американски суперхеројски филм, заснован на стриповите на DC за суперхеројот Бетмен. Создаден од компаниите Warner Bros. Pictures, DC Films, 6th & Idaho и Dylan Clark Productions, и издаден од Warner Bros. Pictures, филмот е обнова на серијалот филмови за Бетмен. Филмот е режиран од Мет Ривс, кој го напишал сценариото заедно со Питер Крег. Главните улоги ги толкуваат Роберт Патинсон, Зои Кравиц, Пол Дејно, Џефри Рајт, Џон Туртуро, Питер Сарсгорд, Енди Серкис и Колин Фарел. Според заплетот, Бетмен (Патинсон) веќе втора година се бори против злосторништвото и се обидува да ги открие причините за корупцијата во Готам, паралелно соочувајќи се со Гатанката (Дејно) — сериски убиец што ги лови елитните власти на Готам.
Премиерата на филмот во САД била на 4 март 2022 г., а во Македонија на 3 март истата година.
Содржина
[уреди | уреди извор]За време на Ноќта на вештерките, градоначалникот на Готам, Дон Мичел Помладиот, е убиен од човек што се нарекува Гатанката. Милијардерот отшелник Брус Вејн, кој веќе две години се бори против злосторништвото во ликот на одмаздникот Бетмен, води истрага заедно со полицијата на Готам, која во поголемиот дел не го одобрува. На местото на злосторството, поручникот Џејмс Гордон наоѓа разгледница што Гатанката ја оставил за Бетмен. Подоцна, Гатанката го убива комесарот Пит Севиџ и остава уште една разгледница за Бетмен.
Бетмен и Гордон откриваат дека Гатанката оставил УСБ-стик во еден од автомобилите на Мичел, на кој имало фотографии од Мичел со жена, Аника Козлов, од „Ајсберг лаунџ“ (англ. Iceberg Lounge) — ноќен клуб во сопственост на Пингвин, десната рака на Кармајн Фалконе. Додека Пингвин тврди дека не знае ништо за оваа афера, Бетмен забележува дека Селина Кајл, цимерка и блиска пријателка на Аника, работи како келнерка во клубот. Бетмен ја следи Селина до дома за да ја испраша Аника, но последната ја снемува, па тој ја испраќа Селина назад во „Ајсберг лаунџ“ да бара одговори. Благодарение на Селина, Бетмен дознава за таен поткажувач во случајот на гангстерот Салваторе Марони, соперник на Фалконе и шеф на дилери на дрога што распределувале дрога наречена „Капки“. Благодарение на информациите добиени од поткажувачот, полицијата можела да го уапси Марони и да ги прекине сите негови шеми со дрога. Гатанката дознава кој е тој поткажувач, и ако тој ја открие вистината, граѓаните ќе направат бунт. Тој исто така дознава дека Севиџ примал плата од Фалконе, како и окружниот обвинител Гил Колсон, од кого Селина дознава за поткажувачот. Селина го прекинува општењето кога Бетмен врши притисок врз неа во врска со нејзината врска со Фалконе.
Гатанката го одвлекува Колсон, му прикачува часовничка бомба на вратот и го испраќа да го прекине погребот на Мичел. Кога Бетмен се појавува, Гатанката му се јавува преку телефонот на Колсон и се заканува дека ќе ја вклучи бомбата, ако Колсон не одговори на три гатанки. Бетмен му помага на обвинителот да одговори на првите две прашања, но Колсон одбива да одговори на третото — да го каже името на поткажувачот — и загинува. Бетмен и Гордон заклучуваат дека поткажувачот можеби е Пингвин и го следат до зделка со дрога. Набргу, операцијата на Марони преминала кај Фалконе, во која биле вмешани многу поткупливи полицајци. Селина ненамерно ги разоткрива кога се обидува да украде пари. Додека Пингвин се обидува да побегне, Селина го наоѓа трупот на Аника во багажникот на автомобилот. Бетмен го стигнува Пингвин и дознава дека тој не бил поткажувачот.
Гатанката ги носи Бетмен и Гордон во напуштено сиропиталиште, чие финансирање го вршеле убиените родители на Брус, Томас и Марта Вејн. Икономот на Брус, Алфред Пениворт, отвора писмо-бомба адресирано до Брус и завршува во болница. Гатанката објавува во медиумите информации дека Томас се кандидирал за градоначалник на Готам пред да биде убиен. Тој го ангажирал Фалконе да го убие новинарот затоа што се заканувал дека ќе открие ужасни подробности за душевните болести на Марта и нејзиното семејство од Аркам. Верувајќи дека неговиот татко бил морално чесен, Брус се расправа со Алфред. Икономот тврди дека Томас само го замолил Фалконе да му се закани на новинарот да молчи, и планирал да се предаде себеси и Фалконе на полицијата штом ќе дознае дека новинарот бил убиен. За да го спречи ова, Фалконе наводно наредил да ги убијат Томас и Марта. Брус му простува на Алфред за прикривањето на оваа вистина, и тие целосно се смируваат.
Селина му признава на Бетмен дека Фалконе е нејзиниот татко, кој ја напуштил во детството. Таа планира да го убие затоа што ја задавил Аника, бидејќи се дознало дека Мичел случајно ја излажал дека Фалконе бил поткажувачот. Бетмен и Гордон пристигнуваат во „Ајсберг лаунџ“, обидувајќи се да ја запрат Селина, но при апсењето на Фалконе, Гатанката го убива. Се испоставило дека под маската на Гатанката се криел форензичкиот сметководител Едвард Нештон, и тој завршува во Аркам. Во болницата, тој му вели на Бетмен дека го обожава и црпи вдахновение од него, кога ловел поткупливи чиновници. Пребарувајќи го неговиот стан, Бетмен дознава дека Нештон поставил неколку минирани автомобили по градската брана, а неговите послушници (облечени во истите костуми) планираат да ја убијат новоизбраната градоначалничка Бела Реал.
Бомбите ја уништуваат браната околу Готам и го поплавуваат градот. На затворена арена е направено привремено засолниште, каде што послушниците на Нештон се обидуваат да ја убијат Реал, но се спречени од Бетмен и Селина. Потоа, Нештон се спријателува со друг затвореник од Аркам.[б 1] Сметајќи дека Готам повеќе не може да се спаси, Селина го напушта градот. Таа му предлага на Бетмен, во кого веќе се вљубила, да заминат заедно, но Брус нежно ја одбива. Тој ја испраќа до границата на градот, по што се заколнува дека ќе влее надеж во Готам.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Роберт Патинсон | Брус Вејн / Бетмен |
| Зои Кравиц | Селина Кајл / Жената Мачка |
| Пол Дејно | Едвард Нештон / Гатанката |
| Џефри Рајт | Џејмс Гордон |
| Џон Туртуро | Кармајн Фалконе |
| Питер Сарсгорд | Гил Колсон |
| Енди Серкис | Алфред Пениворт |
| Колин Фарел | Освалд Коблпот / Пингвин |
| Џејми Лосон | Бела Реал |
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mendelson, Scott (15 март 2022). „Box Office: The Batman Nears $250 Million Domestic And $500 Million Worldwide“. Forbes. Архивирано од изворникот 17 март 2022. Посетено на 17 март 2022.
Matt Reeves and Peter Craig's $185 million The Batman is already a hit no matter where it goes from here.
- ↑ Rubin, Rebecca (February 28, 2022). „Robert Pattinson's The Batman Targets Heroic $100 Million-Plus Box Office Debut“. Variety. Архивирано од изворникот February 28, 2022.
The $200 million-budgeted The Batman is also one of the few Hollywood movies to secure a release date in China, which is currently the world’s most important moviegoing market.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бетмен (филм од 2022) на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)