Бети Ленокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленокс на линијата за слободни фрлања

Бети Бернис Ленокс (родена на 4 декември 1976 година, во Оклахома Сити, Оклахома) — американска професионална кошаркарка, која во најскоро време играше за Тулса Шок во ВНБА. Нејзини прекари се: Бети Баскетбол, Бети Биг Бакетс (Важни Бодови) и нејзиниот најпопуларен прекар Би-Мани (Пари).

Детство[уреди | уреди извор]

Бети израснала во малиот град Грент, Оклахома. Ќерка е на Бернис Џеферис и А.Б. Ленокс и претежно е израсната од мајка ѝ. Таа е осмо од деветте деца и е најмлада ќерка во семејството. Има пет браќа: Фреди, Карл, А.Б. , Алфред и Чарлс. Исто така има три сестри: Лела, Руби и Викторија, сите постари од неа. Научи да игра кошарка од нејзините четири постари и еден помлад брат, кои не ја попречуваа да игра затоа што е женско. Таа научи да не се плаши од другите додека играше со нејзините браќа како дете. Таа исто така разви работна етике бидејќи израсна на фарма со нејзиното семејство. Таа полнеше бали до десет години, од која секоја тежеше 30 до 40 фунти (13 до 18 килограми), и работеше многу тешки секојдневни работи додека учеше во основно училиште во Грент. Нејзиното цело име е Бети Бернис Ленокс, добивајќи го средното име од нејзината мајка.

Средношколска кариера[уреди | уреди извор]

Бети учеше три години во Средното Училиште Форт Осејџ во Индипенденс, Мисури, тренирана од Дејл Вилијамс. Бети ја одигра сафоморската година во средното училиште Грент во Грент, Оклахома. Таа првобитно ја научила кошарката со шест играчи во Оклахома, па така имаше проблеми со приспособување кога нејзиното семејство се пресели во Мисури, бидејќи не беше навикната на поминување на средината на теренот за да игра одбрана, откако во Оклахома играла само во нападот.

Години во колеџ[уреди | уреди извор]

Ленокс играла кошарка во општинскиот колеџ „Тринити вали“ во Атина, Тексас во нејзината втора студиска година. „Тринити вали“, всушност, бил нејзин втор колеџ, затоа што таа прво се запишала во општинскиот колеџ Батлер. Нејзината екипа Тринити Вали Кардиналс го освоила Женското кошаркарско првенство во 1997 година. Таа била прогласена за највреден играч на турнирот и го завршила натпреварот за титула со 27 бода и 20 скокови. Ленокс потоа се префрлила во Техничкиот универзитет во Луизијана и дипломирала во психологија во 2000 година. Таа всушност, зела една година пауза од кошарка додека студирала тука со цел да се посвети на студиите и да дипломира. Играла кошарка за овој универзитет во последните две години во колеџ во 1999 и 2000 година. Била назначена за Играч на годината на конференцијата Сан Белт во 2000 година и се најде во првата сеамериканска екипа од Асоцијацијата на американски кошаркарски писатели додека била на Техничкиот универзитет од Луизијана.

Кариера во ВНБА[уреди | уреди извор]

Ленокс беше избрана од Минесота Линкс како шести избор на драфтот во 2000 година и подоцна стана Руки на Годината. Таа исто така стана прв Руки кој заиграл на Ол-Стар Натпревар истата 2000 година. Исто така се најде во втората Се-ВНБА Екипа во 2000 година. Го скрши колкот во 2001 години и и беше речено дека тоа е крајот на нејзината кошаркарска кариера. Со работната етика која ја стекнала како дете, таа се врати од повредата и до ден денес просперира како играч.

На 13 Јуни, 2002 година, Минесота Линкс ја разменија Леникс заедно со избор од првото коло во драфтот во 2003 година, во Мајами Сол за Тамара Мур и избор од второто коло од истиот драфт.. По крајот на 2002 сезона, Мајами Сол се распадна и Ленокс беше избрана од Кливленд Рокерс во Драфтот за Распространување во 2003 година. Кога и Рокерс се распаднаа по крајот на 2003 сезона, Ленокс беше дел од уште еден Драфт за Распространување пред 2004 сезона. Овојпат, ја избраа Сиетл Сторм. Тие со Ленокс ќе стигнат до четвртфиналето на ВНБА во 2005 и 2006 сезона.

Ленокс ги предводеше Сиетл Сторм до ВНБА Финалето во 2004 година против Конектикат Сан. Беше именувана за најкорисен Играч на Финалето, со просек на бодови од 22,3 за време на Плејоф серијата на Сторм. Во 2005 година со Сиетл Сторм таа ја постигна својата 200 тројка во кариерата.

На 6 Февриари, 2008 година, Ленокс беше избрана од Атланта Дрим во драфт за проширување. Таа ќе ја одигра целата сезона за Атланта Дрим, со просек од 17,5 бода по натпревар. Ја предводеше Источната Конференција по бројот на бодови за 2008 сезона. Ги достигна бројките од 3000 бода и 1000 скокови истата сезона.

Лос Анџелес Спаркс ја зедоа за 2009 сезона како неограничен, слободен играч, каде што таа им помогна да стигнат до финалето на Западната Конференција во својата десетта сезона во ВНБА. За време на 2010 сезона ќе се здобие со повреда на коленото која ќе ја отстрани од терените за остатокот од сезоната по само 11 одиграни натпревари.

Бети потпиша со Тулса Шок за 2011 сезона.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Таа е позната по тоа што игра меѓународно за време на меѓусезоната во ВНБА, играјќи за многу екипи ширум светот. Играше во Турција во 2010 година за Тарс Беледијес. Играше за Надежда во Русија во 2008 и 2009 година за време на меѓусезоната во ВНБА. Пред тоа играше за Коконуда Мадалони во Италија во 2004-2005. Беше во Полска со Лотос Гдиња во 2006-2007 и во К.В. Империјал ЕКА АЕЛ Лимасос во Грција за време на 2007-2008. Во Полска во 2007 година, нејзината екипа беше вицепрвак во редовната сезона и финалист. Во Кипар во 2007-2008 нејзината екипа беше шампион во редовната сезона во 2007 година и ја освои титулата, а во 2008 го освои Купот на Кипар. Таа доби посебно признание во Се-Руската суперлига на Еуробаскет.цом во 2009 година. Други екипи и држави во кои таа заиграла се Израел за 2000-2001 меѓусезона за Елицур Селком Холон и екипата Пекинг од Кина за време на 2005-2006.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Ленокс ја започна Ленокс Фондацијата 22 во 2005 година со цел да им помогне на деца кои се жртви на запоставување и малтретирање. Мисијата на организацијата е да им даде на ови деца подобри искуства и можност за успех преку поддршка, образование и љубов. Тие учат за само-мотивација преку играње кошарка. Таа беше наградена со ВНБА Наградата за Помош во Заедницата во јуни 2006 година за нејзината добротворна работа.

Доаѓа од многу религиозно потекло и има напишано стих од Библијата во внатрешноста на нејзините патики (Филипијанс 4:13) кое што таа изјавува дека е скулптурата за тоа што е таа денес.

Статистики[уреди | уреди извор]

  • Позиција: Бек/Крило
  • Височина: 1,73м
  • Колеџ: Луизијана тех
  • Сегашна Екипа: Тулса Шок

Надворешни врски[уреди | уреди извор]