Бета Бик
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Бик |
Изговор | /ɛlˈnæθ/[1] or /ˈɛlnæθ/[2] |
Ректасцензија | 05ч 26м [3] | 17,51312с
Деклинација | +28° 36′ [3] | 26,8262″
Прив. величина (V) | 1.65[4] |
Особености | |
Спектрален тип | B7III[5] |
U−B Боен показател | −0.49[4] |
B−V Боен показател | −0.13[4] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | 9.2[6] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +22.76[3] млс/г Дек.: −173.58[3] млс/г |
Паралакса (π) | 24.36 ± 0.34[3] млс |
Оддалеченост | 134 ± 2 сг (41,1 ± 0,6 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −1.42[7] |
Податоци | |
Маса | 5.0±0.1[8] M☉ |
Полупречник | 4,82 ± 0,34[9] – 5,47 ± 0,24[10] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 3.63[10] |
Сјајност | 564 ± 20[10] L☉ |
Температура | 13,600±100[9] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 59[11] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Координати: 05ч 26м 17,5134с, + 28° 36′ 27,494″
Бета Бик - втората најсветла ѕвезда во соѕвездието Бик. Го има официјалното име Елнат; Бета Бик е денешната Бајерова ознака, која е латинизирана од β Бик и скратено Бета Тау или β Тау. Оригиналната ознака на Гама Кочијаш денес ретко се користи. Таа е хемиски невообичаена џиновска ѕвезда В7, оддалечена 134 светлосни години од Сонцето со привидна ѕвездена величина од 1,65.
Номенклатура
[уреди | уреди извор]Оваа ѕвезда има две Бајерови ознаки: β Бик (латинизирано во Beta Tauri) и γ Кочијаш (латинизирано во Gamma Aurigae). Птоломеј сметал дека ѕвездата го дели Кочијаш, а Јохан Бајер и доделил ознака во двете соѕвездија. Кога современитњ граници на соѕвездието биле фиксирани во 1930 година, ознаката γ Кочијаш во голема мера испаднала од употреба.[12]
Традиционалното име Елнат, ел-Нат или Алнат, потекнува од арапскиот збор النطح an-naţħ, што значи „удирање“ (т.е. рогови на бикот). Како и во многу други имиња на арапски ѕвезди, написот ال е буквално транслитериран како ел, но сепак во огромно мнозинство во арапскиот изговор се асимилира со n, што значи дека е испуштен. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ)[13] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година[14] вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој била вклучена и Елнат за оваа ѕвезда.[15]
На кинески ,五車, што значи Пет кочии, ѕвездата се однесува на астеризам кој се состои од β Бик, ι Кочијаш, Капела, β Кочијаш и θ Кочијаш.[16] Следствено, кинеското име за самиот β Бик е 五車五, кое на македонски јазик се преведува како Петтата од петте кочијаши.
Физички својства
[уреди | уреди извор]Апсолутната величина на Бета Бик е −1,34, слична на друга ѕвезда во Бик, Маја во ѕвезденото јато Плејади. Како и Маја, β Бик е џин од Б-класа со сјајност 700 пати поголема од Сонцето (L☉).[17] Таа еволуирала и станала џиновска ѕвезда, поголема и поладна отколку кога била во главната низа.[18] Сепак, со оддалеченост од приближно 130 светлосни години во споредба со проценетите 360 светлосни години на Маја, β Бик се рангира како втора најсветла ѕвезда во соѕвездието.
Тоа е жива-манганска ѕвезда, еден вид немагнетна хемиски невообичаена ѕвезда со невообичаено големи знаци на некои тешки елементи во нејзиниот спектар. Во однос на Сонцето, β Бик е забележлива по големото изобилство на манган, но малку калциум и магнезиум.[17][19] Сепак, недостатокот на силни живи потписи, заедно со особено високите нивоа на силициум и хром, навеле некои автори да дадат други класификации, вклучително и како „Ѕвезда SrCrEu“ или дури и како Ап-ѕвезда.[20][21] Нејзиниот аголен пречник е измерен на 1,090 ± 0,076. На растојание од 41,1 пц, ова одговара на линеарен полупречник од 4,82 ± 0,34.[9]
На јужниот раб на тесната рамнина на галаксијата Млечен Пат, неколку степени западно од галактичкиот антицентар, β Бик фигурира (се појавува) како објект во преден план јужно од многу маглини и ѕвездени јата како што се M36, M37 и M38.[22] Се наоѓа на 5,39 степени северно од еклиптиката, сè уште доволно малку за да може Месечината да може да се прикрие. Ваквите окултации се случуваат кога растечкиот јазол на Месечината е во близина на мартовската рамноденица, како во 2007 година. Повеќето од нив се видливи само на јужната полутопка, бидејќи ѕвездата се наоѓа на северниот раб на зоната на лунарната окултација – но ретко на север како од јужна Калифорнија.[23]
Придружници
[уреди | уреди извор]Бледата ѕвезда е, аголно од наша гледна точка, доволно блиску за астрономите да ја разгледаат, и да ја препознаат дека станува збор за двојна ѕвезда. Овој визуелен придружник, BD+28°795B, има положбен агол од 239 степени и е одделен од главната ѕвезда за 33,4 лачни секунди (″).[24][25] Шест аголно поблиску, уште побледи ѕвезди биле пронајдени во потрага по кафеави џуџиња и планетарни придружници, и сите се сметаат за заднински објекти.[26]
Пријавен е многу близок придружник од мерењата на лунарната окултација на растојание од 0,1", но не потврдено од други набљудувачи. Мерењата на радијалната брзина покажуваат дека Бета Бик е еднолиниска спектроскопско двојна ѕвезда, но нема објавени информации за придружникот или орбитата.[9][27]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Alnath“, Oxford English Dictionary (3rd. изд.), Oxford University Press, September 2005 Invalid
|mode=CS1
(help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - ↑ Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357. S2CID 18759600. Vizier catalog entry
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237: 0. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ Garrison, R. F; Gray, R. O (1994). „The late B-type stars: Refined MK classification, confrontation with stromgren photometry, and the effects of rotation“. The Astronomical Journal. 107: 1556. Bibcode:1994AJ....107.1556G. doi:10.1086/116967.
- ↑ Evans, D. S (1967). „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“. Determination of Radial Velocities and Their Applications. 30: 57. Bibcode:1967IAUS...30...57E.
- ↑ Anderson, E.; Francis, Ch. (2012). „XHIP: An extended hipparcos compilation“. Astronomy Letters. 38 (5): 331. arXiv:1108.4971. Bibcode:2012AstL...38..331A. doi:10.1134/S1063773712050015. S2CID 119257644.
- ↑ Janson, Markus; и др. (August 2011). „High-contrast Imaging Search for Planets and Brown Dwarfs around the Most Massive Stars in the Solar Neighborhood“. The Astrophysical Journal. 736 (2): 89. arXiv:1105.2577. Bibcode:2011ApJ...736...89J. doi:10.1088/0004-637X/736/2/89. S2CID 119217803.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Gordon, Kathryn D.; Gies, Douglas R.; Schaefer, Gail H.; Huber, Daniel; Ireland, Michael (2019). „Angular Sizes, Radii, and Effective Temperatures of B-type Stars from Optical Interferometry with the CHARA Array“. The Astrophysical Journal. 873 (1): 91. Bibcode:2019ApJ...873...91G. doi:10.3847/1538-4357/ab04b2. S2CID 125181833.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Baines, Ellyn K.; Thomas Armstrong, J.; Clark, James H.; Gorney, Jim; Hutter, Donald J.; Jorgensen, Anders M.; Kyte, Casey; Mozurkewich, David; Nisley, Ishara; Sanborn, Jason; Schmitt, Henrique R.; Van Belle, Gerard T. (2021). „Angular Diameters and Fundamental Parameters of Forty-four Stars from the Navy Precision Optical Interferometer“. The Astronomical Journal. 162 (5): 198. arXiv:2211.09030. Bibcode:2021AJ....162..198B. doi:10.3847/1538-3881/ac2431.
- ↑ Ghazaryan, S; Alecian, G (2016). „Statistical analysis from recent abundance determinations in HgMn stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 460 (2): 1912. Bibcode:2016MNRAS.460.1912G. doi:10.1093/mnras/stw911.
- ↑ Ian Ridpath. „Bayer's Uranometria and Bayer letters“. Посетено на 2017-11-27.
- ↑ „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
- ↑ „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
- ↑ (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金.
- ↑ 17,0 17,1 Kaler, James B. „ELNATH (Beta Tauri)“. University of Illinois. Посетено на 2010-03-07.
- ↑ Knyazeva, L. N; Kharitonov, A. V (2000). „The Normal Energy Distributions in Stellar Spectra: Giants and Supergiants“. Astronomy Reports. 44 (8): 548. Bibcode:2000ARep...44..548K. doi:10.1134/1.1306355. S2CID 120800469.
- ↑ Heacox, W. D. (1979). „Chemical abundances in Hg-Mn stars“. Astrophysical Journal Supplement Series. 41: 675. Bibcode:1979ApJS...41..675H. doi:10.1086/190637.
- ↑ Chen, P. S; Liu, J. Y; Shan, H. G (2017). „A New Photometric Study of Ap and Am Stars in the Infrared“. The Astronomical Journal. 153 (5): 218. Bibcode:2017AJ....153..218C. doi:10.3847/1538-3881/aa679a.
- ↑ Bychkov, V. D; Bychkova, L. V; Madej, J (2009). „Catalogue of averaged stellar effective magnetic fields - II. Re-discussion of chemically peculiar a and B stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 394 (3): 1338. Bibcode:2009MNRAS.394.1338B. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.14227.x. S2CID 120268049.
- ↑ Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (5 март 2010). „Deep Auriga“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 7 март 2010. (англиски)
- ↑ „Skywatcher's Diary“. Abrams Planetarium. Архивирано од изворникот на August 30, 2007.
- ↑ „CCDM (Catalog of Components of Double & Multiple stars (Dommanget+ 2002)“. VizieR. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2010-03-07.
- ↑ „Al Nath“. Alcyone Bright Star Catalogue. Посетено на 2010-03-07.
- ↑ Janson, Markus; Bonavita, Mariangela; Klahr, Hubert; Lafrenière, David; Jayawardhana, Ray; Zinnecker, Hans (2011). „High-contrast Imaging Search for Planets and Brown Dwarfs around the Most Massive Stars in the Solar Neighborhood“. The Astrophysical Journal. 736 (2): 89. arXiv:1105.2577. Bibcode:2011ApJ...736...89J. doi:10.1088/0004-637X/736/2/89. S2CID 119217803.
- ↑ Adelman, S. J.; Caliskan, H.; Gulliver, A. F.; Teker, A. (2006). „Elemental abundance analyses with DAO spectrograms“. Astronomy & Astrophysics. 447 (2): 685–690. Bibcode:2006A&A...447..685A. doi:10.1051/0004-6361:20053581.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ѕвездите на Џим Калер: Елнат
- Астрономска слика на денот: Image of Elnath (5 март 2010 г.)
|