Бесстеблен плускавец
| Бесстеблен плускавец | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Каранфили |
| Род: | Плускавец |
| Вид: | Бесстеблен плускавец |
| Научен назив | |
| Silene acaulis (L.) Jacq. | |
Бесстеблен плускавец (науч. Silene acaulis) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene. Расте на високите оланини во Евроазија и Северна Америка.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно ниско приземно растение кое образува големи перничести образувања од куси и збиени гранчиња. Листовите се собрани во основата на цветните гранчиња, долги 6-12 мм, само по работ влакнести. Цветните стебленца се неразгранети, многу куси, и едвај се појавуваат од компактното перниче. Чашката е долга 4-7 мм, во основата постепено стеснета, зеленикава или црвена, гола со 10 слабо забележливи жили.[1]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по варовнички камењари и високопланински пасишта од 2000 до 2700 метри надморска височина. Претставува многу често растение на Шар Планина.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 333.
| „Бесстеблен плускавец“ на Ризницата ? |
| ||||||||||