Берта фон Зулцбах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Берта фон Зулцбах
Византиска царица
Мандат 1146–1159
Сопружник Мануил I Комнин
Деца
Марија Комнина

Ана Комнина

Династија Комнини
Татко Беренгар II
Мајка Аделхајд фон Дисен
Роден(а) околу 1110
Починал(а) 29 август 1159

Берта фон Зулцбах (германски: Berta von Sulzbach, околу 1110 - 29 август 1159), била германска принцеза и византиска царица, сопруга на царот Мануил I Комнин.

Потекло[уреди | уреди извор]

Берта била ќерка на Беренгар II, гроф на Зулцбах (починал на 3 декември 1125 година) и втората сопруга Аделхајд фон Дисен († 1126). Берта била сестра на Гебхард III фон Зулцбах и на Гертруда фон Зулцбах[1], која се омажила за германскиот император Конрад III.

Брак[уреди | уреди извор]

Барајќи поддршка против Норманите на Роджер II, византискиот император Јован II Комнин испратил амбасадори во дворот на германскиот император Конрад III со предлог за склучување на сојуз против Норманите во Јужна Италија. За да внесе се потпише договор, гласниците на василевса му понудиле на Конрад III да испрати една од своите принцези во Константинопол, за да биде мажена за синот на византискиот император, Мануел. Наместо една од своите ќерки, Конрад ја избрал својата балдаза, Берта, која заминала за Константинопол во друштво на Емихо фон Лајнинген, епископ на Вирцбург.

Кога Берта пристигнала во царскиот двор на Босфорот, Јован II Комнин веќе бил мртов, а Мануил бил новиот византиски император. Бракот на Берта и Мануил I бил одложуван во текот на три години. Двајцата била венчани малку по Водици во 1146, по што Берта била крунисана за царицата под името Ирина.

Во Константинопол Берта-Ирина станала позната по скромноста, избегнувајќи го луксузот на царот во византиски двор. Василиј Охридски ја пофалил Берта за пристојност и побожноста, а Никита Хонијат забележува дека царицата не носела шминка. Според гласините во 1147 година, патријархот Козма II Цариградски, кој бил осомничен за ерес, фрлил клетва на императорката никогаш да не роди син.

Берта-Ирина и Мануел I Комнин имале две ќерки:

Берта-Ирина починала на 29 август 1159 година. Според изворите Мануил I Комнин, кој бил познат по своите многубројни изневери, бил скршен од смртта на сопругата. Тој се оженил повторно во 1161 година за Марија Антиохиска.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Odilo Engels: Bertha von Sulzbach. Lexikon des Mittelalters 1, Sp. 2023
  • Wilhelm Blum: Bertha-Irene: bayerische Gräfin und byzantinische Kaiserin. In: Bayern und die Antike. 150 Jahre Maximilians-Gymnasium in München. Hrsg. von W.-A. von Reitzenstein. München 1999. S. 65–75.
  • August Nitzschke: Bertha von Sulzbach (Irene, Eirene). Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 2, Duncker & Humblot, Berlin 1955, ISBN 3-428-00183-4, S. 151.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Берта фон Зулцбах
Роден(а): 1110s Починал(а): 1159

Шаблон:S-roy

Претходник
Пирошка Арпад
Византиска царица
1146–1159
Наследник
Марија Антиохиска
  1. Cawley, Charles, Profile of Berengar of Sulzbach, his wives and children, Foundation for Medieval Genealogy, конс. August 2012 , Шаблон:Better source