Берта Моризо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Берта Морисо)
Берта Моризо
Berthe Morisot
Берта Моризо, 1875 година
Роден(а)Берта Мари Полин Моризо
14 јануари 1841(1841-01-14)
Бурж, Франција
Починал(а)2 март 1895(1895-03-02) (возр. 54)
Париз, Франција
НационалностФранцузинка
Познат(а) поСликање
ПравецИмпресионизам
СопружникЕжен Мане

Берта Моризо (француски: Berthe Morisot); (Буржe, 14 јануари 1841Париз, 2 март 1895) - француска импресионистичка сликарка, единствена жена која изложувала свои дела на „првата изложба на импресионистите“ во 1874 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Моризо е родена во Буржe, во Франција во имотно буржоаско семејство. Таа како и нејзината сестра Едма Моризо одлучуваат да станат сликарки; кога Берта ќе ги увери нејзините родители за сериозноста на нејзината одлука, наидува на негодуавње. Нејзините родители не сакале нивните ќерки да бидат сликарки.

На 20-годишна возраст се сретнува и се спријателува со Камиј Коро, важен сликар на пејзажи, припадник на Барбизонската школа. Стариот сликар почнал да ги учи Берта и нејзината сестра на основите на сликањето, и исто така им ги претставувал на другите сликари и учители. Под влијание на Коро, Моризо почнува да се ограничува само на сликање во природа. Како студенти по уметност Берта и Едма почнуваат да работат заедно, сè до завршувањето на кариерата на Едма со нејзиното венчавање, после кое брзо добива деца на кои потполно им се посветува немајќи повеќе време за интензивно сликање како што имала Берта. Сочуваните писма меѓу двете сестри и денес ја покажуваат нивната заемна љубов и разбирање, и посебната врска која ја имале помеѓу себе, но која била проследена со каење на Берта заради нивната оддалеченост, како и повлекувањето на Едма од уметноста. Едма до крајот на својот живот продолжува да ја поддржува уметноста на Берта, и така семејствата на двете сестри ќе останат блиски до крајот.

Импресионизам[уреди | уреди извор]

Сликите на Моризо првпат биле изложени во Парискиот салон во 1864 година заедно со појавувањето на двајца сликари на пејзажи, и после тоа регуларно продолжува да изложува слики во овој салон сè до 1874 година, година на првата импресионистичка изложба. Околу 1867 година Моризо го запознава Едуар Мане. Тој покажал посебен интерес за Берта, што докажуваат бројни портрерти вклучувајќи го и тоа што ја нацртал Берта Моризо во црн шал додека жали за татковата смрт. Меѓу нив почнало да се јавува пријателство: Мане еднаш дури ѝ поклонил штафелај како божиќен поклон. Исто така доброволно се ангажира во пренесувањето на нејзините трудови во изложбените салони, ургирајќи на разни начини кога не постоеле средства за нормално да се транспортираат. Еднаш се случило Мане погрешно да сфати една од Моризовите стандардни самокритики како дозвола да може да додава поправки на нејзиното платно, што и Мане го направил, на запрепастување на Берта. Иако традиционално Мане е виден како учител, додека Моризо како негов поддржувач, постојат докази дека таа врска била поинаква и двонасочна. Доста слики и потези на четкичката на Мане, покажуваат дека како што Моризо била под влијание на Мане, така и Мане бил под влијание на Моризо. Одредени композиции на Берта, како и имитации на нејзиниот стил зрачат од неговите дела, додека Моризо од Мане го развила таканаречениот уметнички карактер. Моризо била таа која го натерала Мане да проба да слика во природа, воведувајќи го притоа во кругот на сликари кои сами себе се нарекувале импресионисти.

Летен ден, Берта Моризо околу 1879 година

Во 1874 година Моризо се омажила за братот на Мане, Ежен. Имале само едно дете, ќерката Жили.

Моризо, заедно со Камиј Писаро, биле единствените сликари кои излагале на сите оригинални импресионистички состаноци.

Како и нејзината современичка, во годините кои доаѓаат Мери Касат, така и Берта Моризо најчесто за тема земала деца, мајки, како и семејни сцени. Окарактеризирана и прифатена како импресионист, и како член „haute bourgeoisie“ (от буржоази - висока буржоазија), Моризо сликала со искуство и со дневна навика на тема за уживање, секојдневност и интимносен живот на семејството.

Берта Моризо починала на 2 март 1895 година во Париз каде била закопана на гробиштата Симитјер де Паси (Cimetière de Passy). На нејзината умреница пишувало дека била без професија.

Нејзините слики се продаваат и преку 4 милиони долари во САД.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Импресионизам

Надворешни врски[уреди | уреди извор]