Бернардино де Саагун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бернардино де Саагун
Bernardino de Sahagún (2).jpg
Бернардино де Саагун
Роден/аоколу 1499 година
Саагун, Шпанија, Шпанија
Починат/а5 февруари 1590 година (90/91 год.)
Тлателолко, Шпанија Нова Шпанија
Значајни делаHistoria general de las cosas de la Nueva España

Потпис

Бернардино де Рибеира (шпански: Bernardino de Ribeira; Саагун, околу 1499 година-Тлателолко, 5 февруари 1590 година), [б 1] попознат како Бернардино де Сaагун шпански: Bernardino de Sahagún; буквално „Бернардино Саагунски“), бил францискански фратар, шпански мисионер и етнолог, честопати наречен „пионер на антропологијата“. [2] Тој е автор на бројни дела на шпански и ацтечки јазик, кои се највредните извори за историјата на предколумбиското Мексико.

Биографија[уреди | уреди извор]

Потекнува од Кралството Леон и е роден како Бернардино де Рибеира, [3] во семејство на најниското племство. Дипломирал на тогашниот познат Универзитет во Саламанка, каде што студирал класична филологија, историја и теологија. Во 1524 година, тој го избрал духовниот живот и бил ракоположен за свештеник во 1527 година. Откако се замонашил, го добил прекарот „Саагун“, во чест на неговиот роден град. Саагун не бил во првата група на фратри што дошле во Нова Шпанија. Сепак, благодарение на неговиот академски и религиозен углед, во 1529 година отпловил за Нова Шпанија како мисионер. [4]

Првично служел во манастирот во Тламаналко, а во 1535 година веројатно основал манастир во Сочимилко во 1941 година, [5] каде бил старешина. Во 1536 година, со кралска наредба, архиепископот Хуан де Зумарага од Мексико ја основал Кралската школа на Санта Круз во Тлателолко - првата високообразовна институција во Америка, основана за да ги едуцира децата од домородните аристократски семејства за шпанската култура - во која Саагун предавал латински. [2] Од 1539 година до 1558 година активно проповедал во Пуебла, Тула, како и на други места. Во 1558 година за кратко време бил викар на Мичоакан, но истата година се вратил да предава латински јазик во Кралското училиште во Санта Круз, каде предавал до 1585 година, по што се повлекол во манастирот Сан Франциско, каде и починал.

Белешки[уреди | уреди извор]

Некои извори го наведуваат 23 октомври 1590 година како датум на смртта, но 5 февруари 1590 година веројатно е точен, бидејќи се појавува во неколку современи записи на ацтечки јазик: „Петтиот ден од февруари 1590, починал Саагун. Починат е во Тлателолко, погребан е во манастирот Сан Франсиско во Мексико Сити, а на неговиот погреб дошле сите господа на Тлателолко.“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lockhart, Schroeder & Namala 2006, стр. 34.
  2. 2,0 2,1 León-Portilla 1999.
  3. Sáinz de Medrano 2001.
  4. Wauchope 1974.
  5. Karttunen & Lockhart 1976.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.