Бернардино Кабалјеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бернардино Кабалјеро
Bernardino Caballero.jpg
9 претседател на Парагвај
На должноста
1881–1886
Претходник Кандидо Бареиро
Наследник Патрисио Ескобар
Лични податоци
Роден(а) 20 мај 1839(1839-05-20)
Ибикуј, Парагвај
Починал(а) 26 февруари 1912(1912-02-26) (воз. 72 г.)
Асунсион, Парагвај
Познат(а) по основач на партијата Колорадо

Хуан Бернандино Кабалјеро де Ањаско и Мелгарехо (шпански: Juan Bernardino Caballero de Añasco y Melgarejo, 20 мај 1839, Ибикуј, Парагвај – 26 февруари 1912, Асунсион)[1]парагвајски воен ветеран од времето на Парагвајската војна, деветти претседател на Парагвај и основач на партијата Колорадо. Тој бил водечка политичка фигура во Парагвај од раниот поствоен период па сè до либералната револуција во 1904.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Кабалјеро бил роден во Ибикуј. Тој е потомок на шпанско благородничко семејство, син на Хозе Кабалјеро де Аназко (наследник на Тупак Хуалпа) и неговата жена Мелкора Инес Мелгарехо и Генес. Тој бил женет два пати, еднаш со Марија де ла Консепсион Дијаз де Бедоја и вториот пат со Хулија Алварез. Тој имал две деца со првата жена, Рамон Кабалјеро де Бедоја и Мелкора Кабалјеро де Бедоја. Кабалјеро имал уште 90 вонбрачни деца, сите признати од него.

Воена служба[уреди | уреди извор]

Кабалјеро се приклучил на редовите во Армијата на Парагвај во 1864 година и се борел во Парагвајската војна.[2]:75 Тој учествувал во кампањата во Мато Гросо, а подоцна бил помошник на претседателот Франсиско Солано Лопез. Поради неговата лојалност и упорност, тој напредувал во воената каериера. Тој достигнал до чин генерал на коњаница. Тој бил жив воен херој кој го заробиле Бразилците на 8 април 1870 година во близина на реката Апа после битката на Серо Кора. Кабалјеро бил пуштен во мај 1871.[3] За време на неговото заробеништво тој се спријателил со Бразилците, па така нивната понатамошна подршка била важна за неговата политичка кариера.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. abctv.com.py – Birth date Архивирано 3 September 2011 во Wayback Machine.
  2. Hooker, T.D., 2008, The Paraguayan War, Nottingham: Foundry Books,
  3. Historical Dictionary of Paraguay

Литература[уреди | уреди извор]

  • Warren, Harris G. (1985). Rebirth of the Paraguayan Republic: The First Colorado Era. University of Pittsburgh Press. стр. 51–61. ISBN 978-0-8229-3507-0. 
Политички функции
Претходник
Кандидо Бареиро
Претседател на Парагвај
1881–1886
Наследник
Патрисио Ескобар